Колку заработи Marvel од филмскиот универзум?

Филмскиот универзум на Marvel е составен од омилените ликови на една цела генерација. Од Iron Man, преку Captain America, па до Spider-Man, суперхероите донесоа еден поинаков свет на филмското платно, но со тоа заработија и многу пари за студиото.

Откако беше купено од Disney за „само“ 4 милијарди американски долари, студиото Marvel почна да продуцира филмски хитови кои оставија длабок траг на филмската индустрија.

Сега сите сакаат да се како Marvel, сите сакаат да имаат голема фан-база која религиозно ги следи не само филмовите, туку и вестите за филмскиот универзум, купуваат маички и акциони фигури и доаѓаат на секоја премиера. Тоа направи популарноста на филмовите со суперхерои да се зголеми и Marvel почна да заработува уште повеќе пари.

Бидејќи и понатаму DC не можат да најдат рецепт за успех, како што го направија тоа Marvel, љубителите на стрипови се дел од верната публика и обично се присутни на секоја проекција на филмовите кои доаѓаат од ова студио. Заработката е голема и секоја наредна година се зголемува уште повеќе.

Од сите филмови на Marvel, досега најмалку заработи „The Incredible Hulk“, 263 милиони долари. Иако многумина го прогласија за разочарување, сепак тој успеа да заработи околу 110 милиони повеќе од неговиот буџет. Истата година (2008) излезе и првиот „Iron Man“ филм, кој ги надмина сите очекувања и заработи 585 милиони долари, со оперативен буџет од 140 милиони долари. Со овие два филма Marvel веќе знаеја дека се на вистинскиот пат.

Засега најголема заработка од сите филмови има „Avengers: Age of Ultron“, кој успеа да собере 1,4 милијарди долари на боксофисот. Од оваа бројка не е далеку ниту „Captain America: Civil War“, кој заработи скоро 1,2 милијарди, а во негова близина се наоѓа и најновиот филм од оваа франшиза, „Black Panther“, кој минатиот викенд ја помина границата од 1 милијарда долари.

До овој момент, сите филмови на студиото Marvel заедно заработија повеќе од 10,9 милијарди долари на светскиот боксофис, а додека да престане прикажувањето на „Black Panther“ може да се очекува заработката да достигне 11 милијарди американски долари.

Според сите очекувања, новиот „Avengers: Infinity War“ би требало да ги собори сите рекорди и се очекува дури да заработи некаде во близината на 2 милијарди долари. Првичните проценки на студиото се дека очекувана е заработка од над 1,5 милијарди долари, а доколку филмот биде добро прифатен од критичарите и публиката, може да се очекува неговото продолжение да заработи уште повеќе.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе