Бразилскиот напаѓач Нејмар (32) го повреди бутниот мускул, поради што ќе биде надвор од терените меѓу 4 и 6 недели, а ќе се утеши со богатиот договор од 300 милиони евра по сезона, кој го потпиша летото минатата година.
Нереалната висока плата долго време е тема на многу разговори, а станува и малку бизарно кога ќе се земат предвид некои податоци.
Имено, Нејмар досега има заработено 120 милиони евра по гол, 40 милиони евра по асистенција и повеќе од 17 милиони евра по натпревар.
За секој допир во играта заработил 306.122 евра, а за секоја минута на теренот 280.384 евра.
Да потсетиме, Бразилецот влезе во второто полувреме од натпреварот од Лигата на шампионите меѓу неговиот Ал Хилал и ирански Естеглал (3:0) и го напушти теренот на 4 минути пред крајот.
Тоа беше негова прва средба по една година пауза поради тешка повреда на вкрстените лигаменти.
Првично проценките велеа дека ќе отсуствува две недели, но во меѓувреме лекарите проценија дека ќе му треба повеќе време.