Има над 111 милиони претплатници

Колку заработува најпопуларниот јутјубер во светот?

MrBeast го надмина PewDiePie како креатор на содржини на YouTube со најмногу претплатници во светот, пишува Dexerto.

Џими Доналдсон, познат како MrBeast, официјално стана најследениот YouTube инфлуенсер со 111 милиони претплатници, а бројот секојдневно расте.

Dexerto на Twitter објави исечок во кој го прикажува моментот кога се случило тоа, при што MrBeast добил десетици илјади следбеници во еден ден. Откако во јули ја постигна целта од 100 милиони претплатници, MrBeast продолжи да го зголемува бројот на обожаватели.

URL
Месечно заработува 5 милиони долари

Според Forbes, 24-годишникот во 2021 година заработил 54 милиони долари, а неговата нето вредност моментално изнесува 25 милиони долари.

Јутјуберот наводно заработува околу 5 милиони долари месечно, што го прави најплатениот креатор на содржини на YouTube. MrBeast има свој канал веќе 10 години, а неговата платформа почна да се проширува во 2017 година поради импресивните авантури и парични награди.

Remote video URL

Во видео од 2018 година наречено „Како подарив 1.000.000 долари?“, MrBeast им објасни на обожавателите како акумулирал толкаво богатство преку платформата, додавајќи дека со помош на компаниите успеал да ги донира парите.

Договор со брендови

Кога почнал да му се зголемува бројот на претплатници на YouTube, како награда добивал договори со различни брендови. Неговиот прв договор бил вреден 5.000 долари, но наместо за себе да ги потроши парите, смислил начин како да привлече внимание.

Ги дал парите на непознат човек и тоа го снимил. Секако, видеата од овој тип секогаш привлекуваат внимание, па токму ваквите идеи станале клучни за неговиот успех.

URL
Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Интернет

Facebook го смени логото, ја забележувате ли разликата?

Read more

Incognito mode не е секогаш приватен - како можете да го промените?

Read more

Сакате подобар Wi-Fi сигнал? 7 работи го блокираат вашиот рутер

Read more

Маск планира да наплаќа месечна претплата на сите корисници на X (Twitter)

Read more
 

Гик

Windows 11 добива голема надградба, фокус на една функција

Читај повеќе

Научници пресметаa кога Земјата ќе биде погодена од астероид со моќност од 22 атомски бомби

Читај повеќе

Решена е децениската мистерија што ги прави отпечатоците од „копита“ на дното на океанот

Читај повеќе

Apple започна со продажба на iPhone телефони произведени во Индија

Читај повеќе

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi ги претстави Redmi Note 13, 13 Pro и 13 Pro+

Читај повеќе

Дали црните дупки се зголемуваат како што универзумот се шири ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако НАСА воопшто не постоеше?

Читај повеќе

Xiaomi Redmi Note 13 Pro ќе има невообичаено висок капацитет на меморија и брзина на полнење

Читај повеќе