Колку жртви земаат активните вулкани низ светот?

Со реките вжештена лава и облаците од пепел, вулканот Килауеа на Хаваи го освои вниманието на светската јавност. Вулканот Фуего во Гватемала за два дена веќе зеде 25 човечки жртви. Колку се навистина опасни вулканските ерупции?

Секоја година еруптираат околу 60 вулкани. Некои од нив се вистинско изненадување, додека други се редовни „злосторници“. Килауеа спаѓа во најактивните на светот – моменталната ерупција ги покажа првите знаци пред 35 години, а во изминативе недели има интензивна активност.

Лавата еруптираше буквално во дворовите на околното население, но за среќа имаше само еден повреден од вжештен проектил што го „испали“ вулканот. Ова можеби дава впечаток дека вулканите не се толку опасни, но луѓето кои живеат во области со активни вулкани знаат дека има и поопасни ситуации, како онаа во Гватемала.

Од 1500 година наваму, околу 280.000 луѓе загинале од ерупција на вулкан, од кои 170.000 од само шест вулкани.

Од 2000 година наваму загинале околу 2.000 луѓе како последица од вулканска ерупција.

Повеќето од овие смртни случаи се предизвикани од вулкански активности на Филипините, во Индонезија, Конго и Јапонија. Лани тројца туристи загинаа во Италија откако паднаа во вулкански кратер.

Денес околу 800 милиони луѓе жиеват во радиус од 100 километри од активен вулкан, оддалеченост што сепак е доволна за да ги зафати потенцијално смртоносните опасности од еден активен вулкан – лава, чад, пепел, вжештени камења и отровни гасови.

Со зголемувањето на популацијата, расте и веројатноста дека уште повеќе луѓе ќе живеат блиску до еден од вкупно 1.500 активни вулкани распоредени во 81 земја.

„Активен“ вулкан не значи дека сите овие вулкани еруптираат, туку дека неодамна еруптиракле или се способни за нови ерупции.

Во случајот на Килауеа, првите знаци на активност беа забележани кон крајот на април како сеизмички движења, а првите исфрлања на чад и пепел се случија во почетокот на мај.

Оттогаш, лавата се излеа во должина од 5 километри до океанот, попатно уништувајќи домови, поради што дополнително беа евакуирани илјадници луѓе.

Иако би изгорела, стопила и закопала сѐ што ќе ѝ се најде на патот, течната лава се движи доволно бавно за да може со нормална брзина да се оддалечите од неа. Опасноста се јавува кога луѓето не се евакуираат на време или доволно брзо. На Хаваи некои луѓе беа спасувани со хеликоптери откако лавата им го пресече патот за евакуација.

Најфаталниот случај на труење со вулкански гас се случи во 1986 година. Голем облак со јаглерод диоксид се надвисна над езерото Ниос во долината во близина на границата меѓу Камерун и Нигерија на 21 август, 1986 година. Облакот усмрти 1.746 луѓе од околните села и над 3.000 животни.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе