ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Колосот Атила ќе ја засили одбраната на Челси

Информациите кои доаѓаат од Унгарија велат дека трансферот на нивниот репрезентативец во Челси е завршена работа.

Периодов наголемо се шпекулира за новото засилување на „Сините“ кога станува збор за одбраната, а главното име кое цело време се врти во јавноста е она на Атила Салаи, кој настапува за Фенербахче.

Овој 23-годишен централен дефанзивец кој е висок 192 сантиметра и кој го носи името на славниот хунски освојувач Атила, во истанбулскиот клуб дојде пред 12 месеци и веќе влезе на радарот на европските гиганти.

За трансферот на Атила во Челси открива не било кој, туку селекторот на репрезентацијата на Унгарија, италијанскиот стратег Марко Роси. Тој тврди дека трансферот е договорен и ќе се случи веќе во зимскиот преоден рок.

„Верувам дека Атила ќе му се придружи на Челси. Јасно е дека него го следеа големи клубови од Шпанија, но очигледно неговиот трансфер во Челси е веќе договорена работа“, рече Роси за Calciomercato.

Него всушност го прашуваа кој играч од Унгарија би можел да биде добро засилување за клубовите од Серија А.

„Тешко е да издвојам само еден играч, но во моментов за таков го гледам Атила Салаи, кој игра во Фенербахче. Тој би бил големо засилување за самиот италијански фудбал“.

За Салаи досега интерес пројави шпанскиот гигант Атлетико, а се зборува дека и Барселона го следи веќе некое време. Сепак, како најсериозен се истакнува Челси кој наводно веќе договорил да исплати сума од 20 милиони фунти.

Томас Тухел уште летоска се обиде да ја засили одбраната, а приоритет му беше францускиот дефанзивец од Севиља, Жил Кунде, но не успеа да го донесе. Фактот што Антонио Ридигер, Андреас Кристенсен и Сесар Аспиликуета ќе станат слободни играчи нареднава година, а сѐ уште ги немаат продолжено договорите, јасно е зошто „Сините“ загризаа за унгарскиот колос.

Салаи пред да дојде во турската лига настапуваше за кипарски Аполон, унгарски Мезекевешд и виенски Рапид. За репрезентацијата на Унгарија има 16 настапи. Во јануари ќе полни 24 години.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе