Играчот на Баерн, Кингсли Коман, ќе го пропушти натпреварот од 1. коло во Бундеслигата против Шалке, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Минхен.

Дваесет и четиригодишниот Французин е дома во самоизолација по контакт со лице кое имало позитивен тест за коронавирус.
Резултатот од тестот на Коман е негативен.
Натпреварот Баерн - Шалке ќе се одржи на 18 септември.