Што ги привлекува комарците и зошто некои луѓе ги напаѓаат почесто од другите? Колку се брзи комарците и колку долго живеат? Еве 18 интересни факти за најнеомилениот инсект на човекот.
- Комарците се познати уште од ерата на триасот - пред 400 милиони години.
- Досега се регистрирани вкупно 3.549 видови комарци.
- Просечниот комарец тежи околу 2,5 милиграми.
- Просечен женски комарец за време на хранењето зема околу 5-милионити дел од литар крв.
- Комарците не го наоѓаат домаќинот случајно (тие го набудуваат низ лет) туку со инфрацрвените зраци од топлите тела; и преку хемиски сигнали (комарците ги привлекува јаглерод диоксид и млечна киселина, меѓу другите хемикалии) на растојание од 25 до 35 метри.
- Комарците се меѓу најбавните инсекти и летаат со брзина од 1-2,4 км/ч.
- Поголемите луѓе честопати се попривлечни за комарците, бидејќи тие се поголеми цели и произведуваат повеќе привлекувачи (јаглерод диоксид и млечна киселина).
- Темната облека е попривлечна за некои видови комарци отколку облеката во посветли бои.
- Некои истражувања покажуваат дека движењето на човекот го зголемува процентот на каснување од комарец до 50%.
- Едно истражување покажа дека полната месечина ја зголемува активноста на комареците до дури 500%.
- Како дел од истражувањата на Арктикот, научниците ги разголеле нивните гради, раце и нозе и регистрирале дури 9.000 каснувања од комарци по лице за една минута. Со ова темпо незаштитен човек би изгубил половина од крвта во рок од еден час.
- Женките комарци земаат крв само за да положат јајца, додека мажјаците се хранат со нектар.
- Фреквенцијата на движење на крилјата на комарецот е 300-600 пати во секунда.
- Комарците предизвикуваат повеќе смртни случаи од кое било друго животно на Земјата. Тие се носители на разни болести, вклучувајќи маларија, денга треска и жолта треска, кои се пренесуваат на луѓето и животните кога комарците се хранат со нив.
- Кога женката зема крв, нејзиниот стомак се шири и може да прими до три пати повеќе крв од нејзината тежина.
- Комарците претпочитаат О крвна група, луѓе со повисока телесна температура, бремени жени и луѓе кои имаат потешкотии со дишењето и сето тоа затоа што овие луѓе произведуваат поголеми количини на јаглерод диоксид, што ги привлекува.
- Животниот век на женката комарец е од две недели до неколку месеци, додека мажјаците живеат само недела дена.
- Мажјаците комарци ги наоѓаат женките според звукот произведен од нивните крилја за време на летот.