Комедијата „Crazy Rich Asians“ го освои бокс-офисот

Романтичната комедија „Crazy Rich Asians“ ги надмина очекувањата на критичарите и го освои американскиот бокс-офис во премиерното прикажување со заработка од 25.2 милиони долари. Филмот на Warner Bros. е првата романтична комедија која во последните три години се има најдено на врвот.

Од премиерата до денес, филмот со буџет од 30 милиони долари има заработено 34 милиони на бокс-офисот. Станува збор за адаптација на исотимениот бестселер од Кевин Кван и ја раскажува приказната за Американка со азиско потекло која ќе се соочи со културен шок откако ќе се запознае со фамилијата на нејзиното богато момче од Сингапур. Во главните улоги се појавуваат Констанс Ву и Хенри Голдинг.

 

 

На второ место се најде хорор трилерот „The Meg“ со заработка од 21.2 милиони долари, додека третото место му припадна на „Mile 22“ со заработка од 13.6 милиони долари.

Ова се останатите најгледани филмови:

1. Crazy Rich Asians – 25.2 милиони долари

2. The Meg – 21.6

3. Mile 22 – 13.6

4. Alpha – 10.5

5. Mission: Impossible – Fallout – 10.5

6. Christopher Robin – 8.9

7. BlacKkKlansman – 7

8. Slender Man – 5

9. Hotel Transylvania 3: Summer Vacation – 3.7

10. Mamma Mia! Here We Go Again – 3.9 милиони долари.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе