Сирд де Вос, познатиот холандски телевизиски коментатор, пред почетокот на натпреварот Бешикташ - Ајакс (1:2) во Лигата на шампионите неверојатно го навреди Домагој Вида.
Вида е капитен на Бешикташ, па камерата го зумираше на центарот кога разменуваше знамиња со колегата Тадиќ од спротивната страна и ги поздравуваа судиите.
Тогаш коментаторот Сигт де Вос рече: „Вида не смее да игра во овој термин бидејќи е премногу грд, а сега децата гледаат телевизија. Затоа Бешикташ мораше да плати и да бара специјална дозвола да може Вида да игра“.
Не е познато дали и како Вида реагирал на ваквите коментари, но фановите на социјалните мрежи се изјаснија дека коментаторот треба да му се извини на хрватскиот фудбалер и да се држи до коментирање за на што знае – фудбал.
Познат како голем навивач на Атлетико Мадрид
62-годишниот Де Вос и претходно беше познат како дрзок коментатор, а поради неговиот препознатлив стил заврши и како еден од коментаторите на популарната фудбалска симулација на ФИФА.
Досега има работено како коментатор за RTL, Canal +, Sport1, TROS и некои помали телевизии. Еден од најпознатите моменти во неговата кариера се случи на Олимписките игри во 1992 година. Елен ван Ланген освои злато во трката на 800 метри, а тој ја бакна во образ и ѝ даде мобилен телефон да се јави на семејството.
Тој е голем навивач на мадридски Атлетико, а холандската јавност има поделени мислења за начинот на кој ги коментира натпреварите. Често коментира работи од приватниот живот на фудбалерите, употребува груби изрази и ги нарекува фудбалерите кукавици. Или, како во случајот со Вида, навреда за физичкиот изглед.
Сето ова го направи поради натпревар од 2011 година?
Холандските медиуми денеска шпекулираат за тоа што би можело да биде причина за ваквиот потег на нивниот коментатор, а една од теориите е дека се работи за задоцнета и недолична реакција на натпревар од 2011 година.
Домагој Вида е омразен играч во Холандија поради ситуацијата од тој натпревар што загрепски Динамо го одигра со Лион и загуби со 7:1. Токму тој резултат му одговараше на Лион да ја мине групата пред Ајакс поради подобра гол-разлика, па Холанѓаните многу добро го паметат тој натпревар.
А особено му замеруваа на Вида, кој беше фатен од камерата како му намигнува на напаѓачот на Лион, Бафетимби Гомис, по петтиот гол на Лион. Холанѓаните се пожалија дека натпреварот е наместен, но тоа никогаш не се докажа. Сепак, Вида остана омразен во Холандија, па денес е познат како Knip-Oog Kroaat, што на холандски би значело „Хрватот кој намигнува“.