Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките и отворање на економијата

Од резултатите на тестирањата, дали ќе има помал или поголем број новодијагностицирани со коронавирусот, ќе зависи димензионирањето на натамошните мерки и постепеното отворање на економијата, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тие резултати денеска ќе бидат анализирани на состаноци на Комисијата за заразни болести и на централниот Штаб на Владата, по што ќе се знае како точно ќе се димензионираат мерките и кои субјекти прво ќе бидат отворени.

Ако денешната бројка на новодијагностицирани, од тестирања направени вчера, е повторно онаква како како што покажува трендот од изминати две недели, а не како завчера, таа би се толкувала како варијација, и ќе биде препорачано постепено отворање на институциите.

-Тие што организираат едукации, курсеви, автошколите би биле тие кои ќе бидат први, кои ќе почнат да функционираат согласно предлозите, изјави вчера министерот, додавајќи дека за овие предлози ќе се дискутира на денешниот состанок и ќе бидат предложени до Централниот штаб во Владата.

Приоритет ќе имаат оние кои лесно можат да воспостават ред, дистанца, дезинфекција, носење маски, и оние кои можат да овозможат шалтерски систем, појасни министерот.

Прашан за олабавување на мерките за спортистите, Филипче истакна дека се размислува да се дозволат индивидуалните спортови, но потенцира како сетоа тоа понатаму како ќе се одвива ќе се знае по денешните состаноци.

Во врска со скринингот, тој вчера повтори дека тој  ќе биде таргетиран на одредени критични групи вработени во здравствени институции, градинки и домови за стари лица за да се откријат асимптоматски носители.

-Затоа што во таа ситуација би донеле мерки што ќе важат само за тие групи кои сметаме дека се покритични и поризични односно ќе се открие присуство на вирус и покрај тоа што се асимптоматски, рече тој додавајќи дека активноста ќе се спроведува со матичните лекари и стоматолози, во соработка со центрите за јавно здравје.

Во врска со аеродромите, Филипче рече дека е се уште рано да се отворат.

Тој оцени дека Велес не е ново жариште за ширење на коронавирусот бидејќи инциденцата е многу мала, помала и од Куманово и од Прилеп. Сите случаи се поврзни со веќе докажани пациенти, односно дефиниран е кластерот.

Тој се осврна на завчерашниот масовен верски собир во Струга и рече дека засега нема посебни мерки или препораки од епидемиолозите за тој град. Но, министерот потенцира дека ваквите настани сериозно може да влијаат, зашто и најмала трансмисија понатаму може преку кластер да се прошири со примарни или секундарни контакти.

Министерството за здравство информираше дека вчера биле потврдени 14 нови случаи на  COVID-19, едно лице починало. Се работи за пациент од Тетово на возраст од 61 година, кој бил хоспитализиран на 28 априла во ГОБ „8 септември“. На Институтот за јавно здравје вчера биле регистрирани 20 оздравени пациенти, по градови во: Скопје и Битола по еден, во Куманово девет, Прилеп двајца, Велес седум.

Направени биле 242 тестирања. Од 14-те нови случаи на COVID-19, од Скопје се пет, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.

Согласно ова вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а до вчера бројот на активни случаи во земјата изнесуваше 397.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе