Комитова: Несреќата на автобусот на „Беса Транс“ не се случила поради големата дозволена брзина

Софија, 30 ноември 2021 (МИА) – Министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова, изјави дека причина за минатонеделната несреќа на автобусот на „Беса Транс“ не била големата брзина на движење.

– Овде има еден чуден настан – пожар, кој според мене е главна причина за жртвите, рече Комитова, додавајќи дека засега нема објаснување што го предизвикало пожарот.

Таа на брифинг изјави дека до денеска на патот каде што се случи несреќата не се завршени постапките за експропријација.

– Градежниците граделе на туѓо земјиште, изјави Комитова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, изготвениот извештај за состојбата на патот уште еднаш потврдува дека не се работи за автопат, туку за експресен пат. Комитова рече дека не може да се тврди дека дозволената брзина на движење од 120 километри на час е главната причина за несреќата.

До датумот на несреќата, завршено е одбележувањето само на централната линија, со задоцнување од околу шест месеци. Означувањето на оваа делница и поставувањето на знаците е доделено на две фирми со ист сопственик. Двете компании требало да ја постават и сигнализацијата. Во 2013 година тие го поставиле знакот за дозволена брзина од 120 километри на час, а заштитната ограда, кога била поставена во 2007 година, ги исполнувала барањата, но од 2021 година, според Комитова, има нови правила.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе