Компани го напушта Манчестер Сити

Манчестер, 19 мај 2019 (МИА) – Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани, го напушта англискиот шампион. Ова го објави клубот со посебна порака на официјалната веб-страница на „граѓаните“.

Од соопштението станува јасно дека разделбата меѓу двете страни е на барање на дефанзивецот.

Компани беше дел од тимот на „граѓаните“ цели 11 години, освојувајќи четири титули, две ФА Купа, четири Лига Купа и два „Комјунити шилд“ трофеи. Белгискиот репрезентативец одигра 360 натпревари за Сити, во кои постигна 20 гола.

„Без оглед колку е тешко за мене, време е да си заминам. По каква сезона се повлекувам само! Јас не чувствувам ништо друго освен благодарност. Благодарен сум на сите оние кои ме поддржаа на ова посебно патување во овој многу посебен клуб. Се сеќавам на првиот ден јасно, како на последниот. Се сеќавам на безграничната добрина, што ја добив од луѓето од Манчестер. Никогаш нема да заборавам како сите обожаватели на Сити останаа лојални кон мене во добрите, и особено во лошите времиња. Против сите предвидувања, секогаш ме подржуваа и ме инспирираа никогаш да не се предавам. Шеикот Мансур го промени мојот живот, како и животот на сите обожаватели на Сити во целиот свет. За тоа, јас ќе бидам благодарен засекогаш“, сподели Белгиецот на официјалниот сајт на Сити.

Се очекува Компани наскоро да објави што планира во иднина.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе