Компаниите кои инвестираа и во пандемијата имаат уште четири дена за аплицирање за финансиска поддршка

Скопје, 28 јули 2020 (МИА) – Компаниите што инвестирале за време на пандемијата со коронавирусот имаат уште четири дена да аплицираат на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост-ковид периодот. Со повикот државата предвидува финансиска поддршка од вкупно 20 милиони евра за сите компании кои годинава и покрај пандемијата и економската криза продолжија да работат и да инвестираат во раст и развој на својот бизнис.

Министерството за економија ги повикува сите вакви компании да го искористат последниот рок и да аплицираат на јавниот повик, кој е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на економијата од последиците предизвикани од пандемијата, што беше објавен на веб-страницта на Министерството на 12 јуни 2020 година и трае до крајот на месецов. Досега во архивата на Мнистерството за економија се пристигнати над 300 барања од компании.

-На јавниот повик може да аплицираат компании кои имаат во реализација инвестициски проект, работат во производствени сектори кои се дефинирани како производство, освен оние кои се исклучени од оваа можност согласно Законот за контрола на државна помош, деловни субјекти што вршат дејност трговија, доколку инвестираат во основни средства, вршат дејности од областа на информациско-комуникациски услуги, доколку инвестицијата опфаќа воспоставување на нова организациона единица за технолошки развој, истражување и/или развој на ново софтверско или хардверско решение, потсетуваат од Министерството за економија.

Главната цел на оваа мерка, потенцираат, е да се помогнат компаниите кои ќе ги изгубат пазарите за повторно освојување – зголемување на нивната конкурентност, модернизација на процесите, зголемување на продуктивноста со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за опоравување на економијата на земјата, преку реализација на инвестициски проект во пост-ковид периодот од јули до декември 2020 година.

-Висината на финансиската поддршка ќе изнесува 25 отсто од реализираната инвестиција според инвестицискиот план што ќе го достави апликантот, но не повеќе од 40.000 евра за компании кои во 2019 година оствариле вкупен приход не повисок од еден милион евра, до 100.000 евра за компании кои имале вкупен приход од еден до 10 милиони евра, до 140.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход од 10 до 50 милиони евра и 200.000 евра за сите компании кои оствариле вкупен приход повеќе од 50 милиони евра во 2019 година, прецизираат од Министерството.

Компанијата која ќе добие финансиска поддршка има обврска до 31 јануари 2021 година да достави извештај за текот на реализација на инвестицискиот план со докази дека се реализира во рамките на инвестицискиот план за кој е исплатена инвестициската поддршка. Финансиските средства ќе се добијат во моментот кога ќе се аплицира со финансискиот план, а ќе се чека на реализација до крајот на наредната година.

-Доколку деловниот субјект не успее да ја заврши инвестицијата или не успее да ја докаже минимум 80 отсто од вредноста на инвестицијата треба да ги врати средствата не подоцна од 1 март 2022 година, нагласуваат од Министерството за економија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе