Компаниите може да аплицираат за февруарска помош за плати цел март

Компаниите нема да задоцнат со апликациите за финансиска поддршка за плати за февруари иако законското решение биде изгласано наредните десет дена зашто аплицирањето за помошта овојпат не е до 10-ти во месецот, туку ќе биде цел март, рече денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Друг модалитет нема, нагласи Битиќи, освен Собранието најпрво да го донесе законот, за потоа тој и да се спроведе.

Одговорајќи на новинарски прашања на работната средба во Стопанската комора на Македонија, Битиќи објасни дека законското решение за поддршка на платите било испратено пред 15 дена до Собранието, поради што и се сметало дека има доволно време да биде донесено.

-Кога го креиравме законското решение за финансиска исплата на плати, поучени од претходните искуства, негативни, за жал, направивме за финансиската поддршка за февруари компаниите да можат да аплицират во целиот период од март. Тоа значи дека нема да има законски – мора да аплицирате до 10 март за да добиете финансиска поддршка. И затоа чекаме. Дури денеска ако законот влезе во собраниска процедура, на комисија, а во наредните 10 дена да се изгласа, компаниите ќе бидат навреме со нивните апликации, со тоа што ќе може да падне одреден товар врз нив да мора да ги платат платите во овој временски период па ние да им вратиме одредени средства, но тоа е начинот кој сметавме дека е најрелевантен за да го покриеме и февруари. Ако тоа не се случи, навистина ќе жалам, но мислам дека доблеста кај пратениците ќе биде малку поголема од нивните дневно-политички агенди,  рече вицепремиерот.

За жал, дополни Битиќи, тоа е цената на демократијата.

-Ние сме извршна власт, а Собранието ќе треба да ги донесе законите за да се спроведат. Нема друг модалитет. Сметавме дека првиот ден кога се донесоа мерките беше сосема доволно време, 15 дена до почетокот на месецот. На 15 февруари беше испратен законот во Собранието, пред 15-на дена. За жал, извршната власт може до одреден сегмент да направи притисок, но Собранието е независно, пратениците и пратеничките групи одлучуваат кога ќе направат кворум за да го прави Собранието тоа што треба да го прави. Не би кажал дали има друг модалитет, повтори вицепремиерот.

Тој потсети дека и други законски решенија кои претходно, во ноември и декември 2020 беа доставени во собраниска процедура, не биле ставени ниту на комисија, ниту на пленарна седница.

Апел да не ги кочат законите испрати и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

-Мерките кои беа преточени во законски решенија, за акцизите, за екстра лесното гориво, за случајот со ГА-МА, чекаат на одблокирање во Собранието. Уште еднаш апелирам да се направат напори и тоа да се надмине, рече Азески.

Тој од вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими побара да пренесат до Владата и до Собранието дека приватниот сектор инсистира на брзо, ефикасно разрешување на прашањата ако се сака постигнување некаков натамошен развој.

На прашањето во каква состојба е бизнис секторот, Азески одговори дека е подобро од она што се очекувало.

-Подобро поминаме од што се надевавме. Мислам дека тоа е плод на сериозна активност на приватниот и на јавниот сектор кои од почетокот на кризата делуваа заеднички. Направивме пропусти, но хибернацијата што беше потребна за преживување мислам дека ја направивме. Дали нашите предвидувања ќе се остварат, е прашање кое е поставено на светско ниво. Мислам дека кризата ќе потрае повеќе од нашите предвидувања и дека ќе се прилагодуваме на неа, истакна Азески. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе