Компанија Boeing го предизвика Илон Маск на трка до Марс

Овој четврток, за време на интервјуто за CNBC, водителот на емисијата Џим Крамер го запраша извршниот директор на Boeing Денис Миленбург, дали неговата компанија ќе може да ја престигне компанијата Space X на Илон Маск.

„Работиме на ракета од новата генерација во соработка со клиенти од НАСА, а нејзиното име е „Space Launch System“, изјави Миленберг.

„Станува збор за летало кое ќе можеме да го тестираме во 2019 година и со кое планираме да ја посетиме Месечината“, додаде тој.

Сепак, Миленберг не планира да застане на Месечината.

„Со текот на времето ќе отпатуваме и на Марс и искрено верувам дека првата личност која ќе зачекори на Црвената планета ќе излезе од ракетата на Boeing“, вели тој.

Ова беше директен предизвик за Маск и неговата Space X програма, што резултираше со „краток и сладок“ одговор на Твитер.

 

 

И покрај тоа што се чини како стандардна епизода на која се навикнати корисниците на оваа социјална мрежа, би требало да се земе во предвид фактот дека Маск многу сериозно ги сфаќа предизвиците.

За потсетување директорот на компанијата Tesla, ги предизвика гигантите на сериско произведство на електрични автомобили, успеа да произведе ракета со вертикално слетување, започна ископување на тунел за подземна железничка во Лос Анџелес и најважно од се  - константно работи на Space X ракета преку која планира да ги пренесува луѓето до Марс.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе