Компанијата Cambridge Analytica се затвора после скандалот со Facebook

Компанијата која беше во центарот на скандалот на Facebook со злоупотребата на лични податоци на корисниците, Cambridge Analytica, ќе биде затворена.

Овој потег е најавен откако компанијата призна дека направила грешка во врска со злоупотреба на податоци собрани на сметка на Facebook.

Сродната компанија SCL, соопшти дека ќе ја затвори Cambridge Analytica, бидејќи правните трошоци им се зголемиле поради истрагата на Facebook, односно загубиле многу клиенти.

Соопштија дека имаат голема доверба дека она што нивните вработени го работеле било и етички и законски, но дека медиумските извештаи кои се објавуваат во виртуелниот свет ги натерале нивните клиенти да им ја откажат соработката.

„Во текот на последните неколку месеци компанијата Cambridge Analytica е предмет на голем број на обвиненија кои се без никаква основа и покрај напорите на компанијата тоа да го исправи, обвинети сме не само за злонамерни, туку и за активности кои не се легални. Како последица на тоа одлучивме дека нема да продолжиме да работиме во иднина“, стои во официјалното соопштение на компанијата.

Скандалот во врска со злоупотребата на лични податоци на 87 милиони корисници на Facebook, која ја извршила компанијата Cambridge Analytica, за време на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година, нанесе огромна штета на акциите на најголемата социјална мрежа на светот, па поради тоа се отворија и многу службени истраги.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе