ДЕТСКИТЕ КАНАЛИ НА ДИЗНИ СЕГА СЕ ДОСТАПНИ И ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

Компанијата Волт Дизни го обнови договорот со Македонски Телеком

Disney Channel и Disney Junior се воведуваат преку Македонски Телеком, најголемиот оператор во Македонија. Како дел од новиот договор меѓу компанијата Волт Дизни и Македонски Телеком, од март 2023 година исто така ќе бидат достапни и: National Geographic on Demand и myBabyTV.

Компанијата Волт Дизни и Македонски Телеком ја продолжуваат успешната долгорочна соработка. Освен светски познатите забавни канали како Fox, Fox Life, Fox Crime, Fox Movies и каналите: National Geographic, Nat Geo Wild, 24KITCHEN и Baby TV, коишто се присутни на локалниот пазар долги години, отсега за корисниците на MaxTV, Magenta TV и MaxTV Go ќе бидат достапни и семејните канали: Disney Junior и Disney Channel.

„Линеарните канали се еден од клучните бизниси за Дизни во Централна и Источна Европа. Посветени сме да одржиме успешна соработка со локалните партнери и на локалната публика да ù донесеме одлична содржина и најдобра забава. Со обновениот договор со Македонски Телеком, гледачите во Македонија ќе продолжат да уживаат во нашите фактографски и забавни канали, но ќе имаат пристап и до приказни и ликови коишто ги сакаат цели семејства преку новововедените Disney Channel и Disney Junior“, изјави Ирина Тотова, Потпретседател и Генерален директор на Дизни за балканскиот регион.

„Задоволството на корисниците е нашиот поттик и посветени сме да им овозможиме најдобра понуда на канали. Ја продолжуваме успешната соработка со Дизни, којашто ги збогатува содржините на најдобрата телевизија MaxTV. Новите канали Disney Channel и Disney Junior ќе донесат забава и заеднички моменти за целото семејство“, изјави Иван Брзовски, Раководител на Службата за управување со содржини на Македонски Телеком.

Disney Channel е наменет за деца на возраст од 6 до 12 години и нуди одлични приказни со музика, пријателство и забава. Програмата на каналот содржи популарни емисии како што се: „Чудесно: Приказни за бубамарата и мачката Ноар“, „Амфибија“ и многу повеќе. Содржините на Disney Channel поддржуваат вредности коишто им помагаат на децата да се соочат со предизвиците на растењето, ги охрабруваат да веруваат во себе, да ги исполнуваат соништата и да поминуваат време со семејството и пријателите.

 Disney Junior ги носи децата од предучилишна возраст и нивните родители во магичен свет на забава и имагинација со ликови коишто децата длабоко ги сакаат, со емисии како: „PJ Маски“, „Спајди и неговите неверојатни пријатели“, „Забавната куќа на Мики Маус“, „Блуи“ и многу повеќе. Содржината на Disney Junior се фокусира на емотивно раскажување приказни и креирање мили и љубезни ликови со кои децата се поврзуваат и коишто се одобрени од родителите. Каналот нуди содржини во согласност со очекувањата на децата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе