Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Скопје, 22 мај 2019 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски го комплетираше составот на својот кабинет.

Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со јавноста ќе биде Катерина Цаневска, a Билјана Радева ќе биде прес-офицер, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Советник за национална безбедност ќе биде Блерим Кољари, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика. Советници во кабинетот ќе бидат и Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов.

Во сферата на надворешната политика, надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатијата Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски.

Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска.

Од кабинетот велат и дека во времето додека таму како советник бил сегашниот претседател Пендаровски имало имало 37 вработени, а во периодот кога шеф на државата беше Ѓорге Иванов нивниот број е зголемен на 61. Нема да има отпуштање на вработени, нагласуваат од кабинетот.

Претседатeлот Стево Пендаровски, велат од кабинетот, по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија. Нема да бара ниту средства за отворање на канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, каде ќе одржува состаноци и средби како поранешен претседател. По истекувањето на мандатот ќе се  врати на работното место професор.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе