Кон македонскиот филм „Копање“: Колку длабоко сте подготвени да копате?

Снимањето филмови е скапа играчка, вели Ивица Димитријевиќ, еден од режисерите на новиот македонски долгометражен филм „Копање“, но како гледач ќе му одговорам - филмот како уметничка форма е најутробната илузија во која свесно и ревносно влегуваме и не прашуваме за цената.

Филмот работен по истоимената драмска претстава на германскиот драматург Кристијан Винклер, излезе низ платното, преку археолошки слоеви душевно копање, и ги разоткри фосилите на нашето колективно и интимно сеќавање.

„Копање“ се снимаше по принцип „направи сам“ и без непотребно тапкање по рамо на режисерско-продуцентскиот двоец Димитријевиќ и Мартин Иванов за ваквиот подвиг, со задоволство може да се констатира дека на минималистичката естетика на филмот ѝ годи аскетизмот во технички поглед. Чистите кадри и избројаните локации ѝ оставаат простор на приказната да се развива необременето од стилизирање.

Ваквото лишување од декоративност, како и дозата на театарско, но во никој случај не театрално, портретирање на ликовите, на моменти потсетуваше на шармантниот аскетизам во „The Sunset Limited“ (2011), благодарение на генијалните изведби на Димитријевиќ со целата момчешка збунетост на неговиот лик распнат како мост меѓу два брега, Гораст Цветковски чии молчења се подеднакво моќни колку и неговите реплики, и Александар Ѓорѓиески, чиј пркос ја внесува доволната доза на динамичност и на моменти потребна комична оддишка. Музиката на Горан Трајковски маестрално ги исполнува недоречените тишини меѓу дијалозите.

Филмот отвора три нивоа на гледање:

Во првото, наивно го чекате наративното образложение на ликовите за нивното судбинско губење и наоѓање, заедно со нив ја одите тенката линија на гневот, се надевате на каењето и го игнорирате еротскиот набој.

Во второто во себе ги одговарате отворените суштински прашања за пријателството, загубата, верноста, блискоста, отуѓувањето, простувањето, осудувањето, создавањето и преживувањето; копате подлабоко, барајќи го своето место во светот, оној во себе и вон себе, и се надевате дека нема да наидете на вода, тука среде полната киносала...

За на крај да го отворите третото ниво - на љубовта - и да ги преиспитате сите, дури и оние навидум безначајните, врски со луѓето кои поминале низ вашиот живот и да се прашате дали вашата улога во нивната приказна било она замавнување на крилјата на пеперутката што предизвикува нечие цунами.

„Копање“ е филм што несомнено ќе ве издлаби за време на 67-те минути, археолошки ќе ве подели на слоеви и ќе ве остави да ги анализирате најдените фосили уште долго време. Филмот од утре, 8 март, 2018, игра на редовниот репертоар на Cineplexx и топло препорачувам да го погледнете, подготвени да ископате малку подлабоко во себе.

 

 

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Рецензии

Зошто (не) треба да го гледате Frankenstein на Гиљермо дел Торо?

Read more

Mountainhead е одличен филм: Од кога ни е тешко да „свариме“ сатира?

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто мора да гледаме филмови како Mickey 17?

Read more

Зошто ме разочара финалето на третата сезона од The White Lotus?

Read more

Сцена

По примерот на Доналд Трамп: South Park стана South America

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Памела Андерсон за дијагнозата со хепатитис Ц: Тоа беше смртна пресуда

Читај повеќе

Како младите генерации го „воскреснаа“ слушањето музика на ЦД?

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Спајдермен ги врати кината во „старите добри денови“

Читај повеќе
  • play_arrow

Документарна серија за Метју Пери со досега невидени снимки доаѓа на Netflix

Читај повеќе

Шестмина повредени при демонтирање на сцената по концерт на Ед Ширан

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џони Деп бара над 40 милиони долари за да се врати во Pirates of the Caribbean

Читај повеќе