Овој телефон е дело на дизајнерката Дејзи Женг која смета дека батериите не се добри бидејќи се скапи, многу работи се потребни за нивното производство и се штетни за природата. За таа причина, таа направила телефон кој ќе работи на газирани пијалоци.
Овој концепт сака да ја замени традиционалната батерија со полнеж кој нема да и штети на околината. Био батеријата создава енергија преку согорување на јаглени хидрати и во процесот ги користи ензимите како катализатори.
Батеријата се користи со газирани пијалоци и испушта вода и кислород додека се троши, а има потенцијал да трае три пати подолго на еден полнеж од литиумската батерија.