Концерт 4 пијана „Бах за Вас“ со пијанисти од Чешка вечерва на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ за вечерва го носи концертот 4 пијана „Бах за Вас“ во изведба на уметници од Камерниот оркестар „Чешки виртуози“ со уметниците Ема Једличка-Гогова, Хелена Сухарова, Сара Медкова и Лукаш Клански.

Камерниот оркестар „Чешки виртуози“ под уметничкото раководство на Карел Прохазка ја започнува концертната кариера пред повеќе од 20 години. Од тогаш па до денес имаат остварено преку 800 концертни настапи на кои изведувале музика од различни епохи - од барок па сѐ до современа музика и тоа: симфониски дела, духовна музика и оперски дела. На концертите во Виенската концертна сала, или пак во дворецот Шонбрун, најчесто се претставуваат со дела од Моцарт, но поради нивната разнообразна програмска определеност често се канети да настапуваат на фестивали во Холандија, Италија и Шпанија. Настапиле на Деновите на Чешка музика во Дижон во 2015 година, а оствариле и три концертни турнеи во Јапонија во 2003, 2010 и 2011 година. Членови на оркестарот, меѓу другото, се и концерт мајсторите и солистите на оркестарот на операта „Јаначек“ , како и на Филхармонискиот оркестар во Брно. Настапуваат со бројни чешки и меѓународно етаблирани солисти како виолинистката Естер Ју и вокалните солисти Милагрос Побладор и Наталија Ушакова под диригентската палка на реномирани чешки диригенти. Овој камерен состав има снимено повеќе ЦД-а, а последното кое е издадено минатата година е нивна соработка со белгискиот диригент Ерик Ледерхандлер.

Ема Једличка-Гогова е педагог, пијанист со интернационална кариера, уметнички директор и сестран музичар. Започнува да учи пијано во нејзниот роден град Штип, а нејзиното деби со оркестар ѝ се случува на 16-годишна возраст со Филхармонијата на Република Македонија и изведба на Концертот за пијано и оркестар од Едвард Григ. Набргу следат и првите целовечерни рецитали, како и студиите на ФМУ Скопје во класата на проф. Стела Слејанска. Студира и на Музичката академија „Јаначек“ во Брно во класата на Здењек Хнат. Изведувачката кариера ја носи во повеќе од 15 земји во Европа и Канада, како солист и камерен музичар, а настапува и со Филхармонијата на Македонија , оркестарот на театарот во Опава, во Националниот театар во Брно, со Моравската филхармонија Оломуц и др. Уметнички директор и претседател е на Асоцијацијата за интеркултурен и креативен живот и член е на одборот на Фондацијата „Ј.С. Бах“. Редовно е член на жири комисии на интернационални натпревари, а била и претседател на натпреварот „Ј.С. Бах“ во Добрани во  Чешка.

Хелена Сухарова-Вајзер студирала на Прашкиот конзерваториум, како и во класата на Иван Клански на Академијата за изведувачки уметности во Прага. Студиите ги завршува со резиденцијален престој на Универзитетот Рузвелт во Чикаго, а посетува и мајсторски курсеви кај Малком Фрагер во Луцерн. Уште додека студира, освојува награди на повеќе меѓународни натпревари, а настапува не само во нејзината татковина Чешка, туку и во Германија (каде живеела до 2003), во Полска, Финска, Обединетото Кралство, Швајцарија, Франција, Грција, во земјите на поранешна Југославија и во САД. Покрај солистичката кариера, Сухарова-Вајзер настапува и како камерен музичар. Има снимено ЦД-а со квартетот „Штамиц“, со Влах квартетот од Прага, Вихан квартетот, кларинетистот Кристоф Рајф и со пијано квартетот „Ад либитум“. Дел е од жири на повеќе чешки и меѓународни натпревари, а во 2019 станува директор на јуниорскиот натпревар за пијанисти „Прашки ноти“ за натпреварувачи од 5-15 години. Од 2012 година предава пијано на Академијата „Јаначек“ во Брно, а веќе неколку години предава и на Академијата за изведувачки уметности во Прага.

Сара Медкова спаѓа во групата водечки млади чешки пијанисти. Настапува на сцените на повеќе од 20 европски земји, како и во САД, Азија и Африка, при тоа премиерно изведувајќи повеќе од 100 нови композиции. Носителка е на награди од повеќе интернационални натпревари, а настапува со познати оркестри во Чешка и надвор од неа. Во 2009 и 2010, Медкова е иницијатор на уникатен проект во кој се изведени концертите за три пијана од Бах и Моцарт, како и нејзиниот авторски концерт со наслов „Di Ritorno” кој ги изведува со Филхармонијата на градот Брно и со оркестарот „Прашки академски солисти“. Во 2012 година магистрира на Музичката академија во Прага, а како студент на Еразмус програмата поминува една година на Универзитетот за музика „Карл Марија фон Вебер“ во Дрезден во класата на А. Зензипер. Учествува на повеќе мајсторски курсеви под раководство на Елисо Вирселадзе, Даниел Полак, Андреј Гаврилов и др. Нејзиното прво ЦД „De Profundis” го издава компанијата Arta records во 2017 година.

Лукаш Клански е еден од најквалитетните чешки пијанисти од помладата генерација. Како победник на повеќе натпревари, тој е често ангажиран како солист и камерен музичар. Член е на успешното трио „Лобкович“ со кое победува на натпреварот „Јоханес Брамс“ во Австрија во 2014 година. Клански освојува втора награда на натпреварот „Ханс фон Булов“ во 2018 година во категоријата диригирање од пијаното. На само 15-годишна возраст го има дебито како солист со оркестар во салата „Дворжак“ во Прага со Прашкиот камерен оркестар.

Настапува со бројни оркестри под диригентските палки на: Либор Пешек, Андреа Себастијан Вајзер, Гунди Емилсон и Иштван Денес, а настапува и на фестивали во Чешка, Италија, Германија, Грција, Швајцарија и др.

Дипломира на Прашкиот конзерваториум во класата на Ева Богуниова, а продолжува да се усовршува кај неговиот татко Иван Клански на Академијата за изведувачки уметности во Прага. Како солист, се претставил пред публиката во: Словачка, Унгарија, Германија, Австрија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Хрватска, Словенија, Грција, Полска, Турција, САД и Јужна Африка. Неговите снимки се издадени од Praha Digitals, Radioservis, Gramola и Naxos.

Лукаш Клански студирал диригирање кај Леош Сваровски, а настапува како диригент, често пати свирејќи и диригирајќи од клавијатурата.

За настапот на чешките уметници е резервирана сцената во катедралната црква „Света Софија“, со почеток од 21 часот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Култура

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more

Одбележување на 79 години МНТ

Read more
 

Вести

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе
  • filter

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Читај повеќе