Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски

Прв пат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски.

Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови, меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, One more game, „Бал-кан-кан“, Piargy, „Трето полувреме“ и многу други. На концертот, Кирил Џајковски придружуван со 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин ќе ги изведе легендарните музички теми, кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања.

Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот, тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот. Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот пред македонската публика да го претстави својот извонредно голем и значаен опус.

Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6 април 2025 година во големата сала на Националната опера и балет со почеток во 20 часот.

реклама

Култура

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more

87 дела од колекцијата на МСУ-Скопје ќе бидат изложени во Љубљана

Read more

Велигденски концерт со грандиозната Голема миса во Це-мол од генијалниот Моцарт

Read more
 

Вести

Доларот слабее трета недела по ред

Читај повеќе

Воведена електронска услуга за добивање потврда за сопственост на моторни возила

Читај повеќе

Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Читај повеќе

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Читај повеќе

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Читај повеќе

Десничарот Јанша ослободен од сите обвиненија

Читај повеќе

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

Читај повеќе

Дали Србија се претвора во рударска колонија на ЕУ?

Читај повеќе

Со протестен марш на семејствата ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе