Концерти на Синтезис и Влатко Стефановски по повод 30-годишнината од независноста

Скопје, 3 септември 2021 (МИА) – По повод прославата на 30-годишнината од македонската независност вечерва на археолошкиот локалитет Стоби ќе настапи групата Синтезис, а на 6 септември во Филхармонијата на РСМ ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски со симфониски оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин.

-Вечерва концерт ќе одржи Синтезис изведувајќи дела од својот богат музички опус со кој како амбасадори на културата не преставуваат во светот повеќе од 25 години. Во понеделник пак, 6 септември, во Филхармонијата на РСМ ќе се одржи ексклузивен концерт на Влатко Стефановски со симфониски оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин. Добро познатите композиции на Стефановски, во аранжмани на Емин се гаранција за неповторливо и уникатно искуство. Концертот првично беше најавен да се одржи на тврдината Кале, но, поради променливото време и можните врнежи, концертот сепак ќе се одржи во затворен простор, се вели во соопштението од Баги комуникации.

Инаку, во рамките на прославата на 30-годишнината од македонската независност, Баги Комуникации веќе реализираше два извонредни концерти на оперската дива Весна Гиновска Илкова заедно со Кристина Светиева, Бобан Мирковски и Ерхан Шукри Квартет, во Света Софија во Охрид, како и концертот на Тони Китановски во Куршумли Ан.

Проектот „Музиката зборува на сите јазици – 30 години мултикултура“ е поддржан од Владата на РСМ преку јавниот повик за финансиска поддршка за организација на настани.

Сите одржани концерти ќе бидат емитувани на програмата на Македонската Телевизија, а ќе бидат пренесувани и на интернет, со цел што повеќе граѓани да можат да ги проследат.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе