Концертите на отворено продолжуваат во Скопје

Кај Музејот на современа уметност во Скопје вечер, во 20 часот, ќе се одржи нов концерт од програмата „Култура во време на Корона“. Музичката група „Ај кју“ (EYE CUE) ќе одржи едночасовен концерт.

Како што соопшти Град Скопје, за наредните денови се планирани и изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби по следниов распоред:

– Христина Зафировска – 25 април 2020 година, сабота од 12:00 ( видео – визуелни уметности )

– Артан Кастрати – 25 април 2020, сабота – парк Топанско Поле од 17:00 часот.

– Funk Shui – 25 април 2020, сабота – кај Млечен од 18:00 часот.

– Musaiq – 25 април 2020, сабота – кај Млечен од 20:00 часот.

– Гоце Илиевски, 26 април 2020, недела од 11:30 часот (видео – визуелни уметности)

– Арда Мустафаоглу 26 април 2020, Парк Шопен во Кисела Вода од 12:00 часот.

– Емилија Потевска Попивода, 26 април 2020, Парк Шопен во Кисела Вода од 12:30 часот.

– Дуња Иванова, 26 април 2020, Парк Шопен во Кисела Вода од 13:00 часот.

– Силви Бенд, 26 април 2020, Парк Шопен во Кисела Вода од 14:00 часот.

– Pluto’s Doubts 26 април 2020, Аеродром, кај Стела од 18:00 часот.

– South Park 26 април 2020, Аеродром, кај Стела од 20:00 часот.

Сите настапи ќе биде стримувани на фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на Youtube канал на Град Скопје.

Град Скопје потсетува дека заедно со градските културни институции на 13 април 2020 година објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.

Идејата на повикот, како што се наведува, е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Градските власти соопштија дека со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти: маалски изведби во времетраење до два часа, техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до два часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари.

Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе