КОНКАКАФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022

Конечно американски тим освои Лига на шампиони

Филип Здравески
/ 05.05.2022 / 13:47

Ноќеска се одигра реванш финалниот натпревар од северноамериканската Лига на шампиони каде конечно запре долгогодишната мексиканска доминација откако Сиетл Саундерс успеа да го освои пехарот.

После 16 години апсолутна доминација на клубовите од Мексико, кои од 2006 до лани секогаш го освојуваа пехарот, годинава проклетството е прекинато и американски тим конечно успеа да стане шампион на Лигата на шампиони на КОНКАКАФ.

Тимот на Сиетл Саундерс откако се избори за 2:2 на првиот натпревар во Мексико Сити ноќеска со убедливи 3:0 на „Лумен Филд“ го преслуша УНАМ и во своето прво финале успеа стане шампион.

„Зелените“ го отворија резултатот во последната минута пред паузата кога перуанскиот голгетер Раул Руидиас ја затресе гостинската мрежа. На вториот се чекаше до 80-тата кога истиот играч на асистенција на поранешниот уругвајски репрезентативец Николас Лодејро го дуплираше водството, додека две минути пред крајот и капитенот Лодејро се запиша во листата на стрелците поставувајќи ги конечните 3:0. Токму тие двајца се и најпознатите играчи во редовите на тимот од Сиетл.

Последен пат кога еден американски тим го крена овој пехар беше пред дури 22 години кога во 2000 година Лос Анџелес Галакси стана шампион. Оттогаш само костариканските Алахуеленсе и Саприса накратко ја прекинуваа мексиканската доминација во 2004 и 2005.

Последниве десетина години Мексиканците најчесто меѓу себе играа финале, а понекогаш беа предизвикувани од канадските тимови Монтреал Импакт и Торонто, особено вториот кој во 2018 дојде многу блиску губејќи на пенали. Последен пат американски тим се обиде во 2020 кога Лос Анџелес беше поразен.

Сиетл на патот до титулата тргна елиминирајќи ја Монтагуа од Хондурас во осминафиналето (нема групна фаза во Лигата на шампиони на КОНКАКАФ), потоа го исфрли мексикански Леон, а во полуфиналето се пресмета со Њујорк Сити. Во сите 8 натпревари, вклучувајќи го и финалето, Сиетл не загуби ниту еднаш.

Со триумфот во северноамериканската Лига на шампиони „Зелените“ се изборија за учество на Светското клупско првенство кое треба да се одржи во Кина.

реклама

Фудбал

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Read more

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Read more

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more
 

Спорт

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе