Конечно објавен првиот трејлер за римејкот на „The Lion King“
Долго најавуваниот римејк на еден од најпознатите анимирани филмови на сите времиња – „The Lion King“ од 1994 – конечно доби прв трејлер. Во него можете подобро да се запознаете со Симба и опкружувањето во кралството кое еден ден треба да му припадне нему.
„The Lion King“ е само уште еден во низата римејк-филмови на анимираните филмови на Disney. На режисерското столче се наоѓа Џон Фавро, најпознат по филмот „Iron Man“, а во главните улоги се појавуваат огромен број актерски и музички ѕвезди, како Доналд Гловер (Симба), Бијонсе (Нала), Џејмс Ерл Џонс (Муфаса) и Џон Оливер (Зазу).
Премиерата е закажана за 19 јули 2019 година.