Конечно претставен Nothing Phone (1), ќе чини 469 евра

Брендот Nothing официјално го претстави својот прв смартфон, Nothing Phone (1).

По серијата тизери што ги видовме во изминатите недели, како и протекувањето на спецификациите, конечно се познати сите детали за Nothing Phone (1).

Смартфонот доаѓа со рециклирана алуминиумска рамка, 6,55-инчен OLED екран со резолуција од 1.080 x 2.400 пиксели, стапка на освежување од 120 Hz и максимална осветленост од 1.200 nits, додека touch sampling rate е 240 Hz. Панелот е заштитен со Gorilla Glass 5, четирите рабови се симетрични, а уредот се напојува со процесорот Snapdragon 778G+ на Qualcomm. На задната страна има главна камера од 50 MP (Sony IMX766) со оптичка стабилизација на сликата и ултра широка камера од 50 MP (Samsung JN1). Селфи камера од 16 MP (Sony IMX471) е поставена во исечокот на екранот.

Сензорот за отпечатоци е интегриран во екранот, а смартфонот користи Nothing OS (1) базиран на Android 12. Од Nothing ветуваат дека софтверот ќе биде „лесен“ и сигурен, а исто така ветуваат три години надградби на Android и четири години безбедносни ажурирања на секои два месеци.

URL

Софтверот доаѓа со неколку мали додатоци за Android, меѓу нив и Quick Settings на TWS слушалки, како и контроли за автомобил Tesla кои ви дозволуваат да ги вклучите светлата пред да влезете во автомобилот, да ја вклучите климата, и слично.

Уредот се напојува со батерија од 4.500 mAh која поддржува 33W жично, 15W безжично и 5W реверзибилно полнење. Во случај на жично полнење, батеријата целосно се полни за 70 минути, додека ова време се зголемува на 120 минути во случај на безжично полнење. Nothing го продава полначот 45W посебно по цена од 35 евра.

Nothing Phone (1) има IP53 сертификат за водоотпорност. Се издвојува на пазарот поради проѕирниот заден панел и Glyph интерфејс LED диоди поставени до функционалните делови на мобилниот телефон, за да можат да прикажуваат релевантни информации. На пример, кога мобилниот телефон се полни, LED диодите ќе служат како индикатор, а можно е да се синхронизираат со звукот на ѕвонење.

Nothing Phone (1) со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија ќе чини 469 евра, додека верзијата која нуди 256 GB внатрешна меморија ќе чини 499 евра. Во понудата ќе има модел со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија по цена од 549 евра.

Продажбата започнува на 16 јули во Велика Британија, а по 21 јули смартфонот ќе биде достапен во Данска, Финска, Франција, Германија, Хонг Конг, Унгарија, Индија, Израел, Малезија, Италија, Холандија, Норвешка, Филипини, Полска, Португалија, Романија, Саудиска Арабија, Шпанија, Сингапур, Шведска, Швајцарија, Тајван, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати и Макао.

Тагови
реклама

Мобилни

Google го претстави паметниот телефон Pixel 9a

Read more

iPhone на преклоп ќе видиме дури кон крајот на 2026 година

Read more

Телефони што менуваат боја на студ: Претставени моделите Realme 14 Pro и Realme 14 Pro+

Read more

Deutsche Telekom откри нови детали за својот смартфон AI Phone, кој се очекува оваа година

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Atlas научи нови потези и сака да ги покаже

Читај повеќе

Microsoft има нова гејмпад тастатура за Windows 11

Читај повеќе

Над 300 апликации исфрлени од Google Play Store

Читај повеќе

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Читај повеќе
  • filter

Google го претстави паметниот телефон Pixel 9a

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ретко видено зајдисонце: Blue Ghost испрати неверојатни снимки од Месечината

Читај повеќе
  • play_arrow

Nvidia го направи најмалиот суперкомпјутер во светот

Читај повеќе

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Читај повеќе

Астероидот 2024 YR4 повеќе не претставува закана за Земјата

Читај повеќе