Истражувачите во Австралија со децении се обидуваа да ги им влезат во трага на остатоците од последниот тилацин, познат и како тасмански тигар.

Во последните години често се зборуваше за ова животно, токму поради тоа што научниците сакаат да го вратат во живот со помош на генетски инженеринг и вештачко размножување. За да успеат во нивниот план, потребен им е и негов примерок од ДНК, па со години се обидуваат да дојдат до остатоците од последниот тилацин (Thylacinus cynocephalus). Повеќе од 80 години стоел скриен иако бил на видно место, во уметничката галерија на Тасманскиот музеј во Австралија.
Тилацин е животно кое до пред 3.000 години исчезнало насекаде, освен во Тасманија. Имало приближно иста големина како модерните којоти, а како предатор играло клучна улога во екосистемот на овој далечен остров. Меѓутоа, кога Европејците почнале да се населуваат во Тасманија на почетокот на XIX век, неправедно гледале на неа како на непријател кој ја ограбувал нивната стока, па почнале да го убиваат.
Последниот преживеан примерок од овој вид умрел во 1936 година во заробеништво, по што нејговото тело било префрлено во локалниот музеј кој понатаму не се грижел за овој примерок бидејќи вработените не биле целосно свесни за неговата важност.
„Со години, многу куратори и истражувачи на музејот неуспешно ги бараа остатоците од последниот тасмански тигар, за да ги вклучат во колекцијата, а во зоолошката збирка немаше забележано ништо за остатоците од тилацинот од 1936 година, па се претпоставуваше дека неговото тело е некако изгубено“, вели Роберт Падл од Австралискиот католички универзитет.
Меѓутоа, неодамна, врз основа на необјавени извештаи, беше утврдено дека телото на мртвото животно било распарчено откако пристигнало во музејот, со цел кустосите на студентите да им ја објаснат анатомијата на овој изумрен вид. Во следните децении остатоците ја напуштале колекцијата неколку пати, а поголемиот дел од јавноста за други останки мислеше му припаѓаат на тасманскиот тигар кој починал на 7 септември 1936 година во зоолошката градина Бјумирс.

„Мистеријата околу остатоците од последниот тилацин е решена, а откриено е дека голем дел од колекцијата ѝ припаѓа на Музеј галеријата“, објасни директорката на таа институција, Мери Малкахи, и додаде дека во моментов заинтересираните можат да го посетат музејот за да ги видат останките.