Конечно скокна продажбата на автомобили во Европа

Европскиот пазар на автомобили забележа мал раст во септември, поттикнат од продажбата на возила во Италија и Германија.

Бројот на регистрирани нови возила се зголемил за 3,1 отсто на годишно ниво во септември на 933.987 единици, соопшти Здружението на европски производители на автомобили (ACEA).

URL

По падот од 55,1 процент во март, па 76,3 проценти во април како резултат на изолацијата на граѓаните и затворањето на автосалоните, европскиот пазар на автомобили полека закрепнува од последиците од пандемијата со COVID-19.

URL

Септември е првиот месец со раст од почетокот на кризата, кога пазарот ги гледа придобивките од владините стимулации усвоени во повеќето големи европски земји.

Закрепнувањето варира од една земја до друга - во Италија растот е 9,5 проценти, во Германија 8,4 проценти, додека Франција и Шпанија продолжуваат да бележат пад од 3, односно 13,5 проценти. Петтиот и шестиот по големина пазар на ЕУ, Полска и Белгија, исто така, забележаа раст од 8, односно 1 процент.

Во првите девет месеци од годинава, само 7,06 милиони нови возила излегле на улиците во земјите на ЕУ, односно скоро 2,7 милиони помалку возила отколку во истиот период во 2019 година, или минус 28,8 проценти. ACEA предвидува историски пад на испораките на возила од 25 проценти за цела 2020 година.

Групацијата VW Group уште е автопроизводител со најдора продажба на Стариот континент. На второ место е групацијата PSA Group, а на трето Renault Group. Четвртото и петтото место ги заземаат Hyundai-Kia, односно групацијата BMW Group.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе