Конечно: Како изгледа смартфонот на преклоп Huawei Mate X2?

Huawei Mate X2, претставник на новата генерација на телефони на преклоп на Huawei, со комплетно нов дизајн на Falcon Wing, беше официјално претставен вчера, во две верзии од 256 и 512 GB меморија за складирање.

Huawei Mate X2 се одликува со целосно нов, компактен дизајн со намерно изменета точка на рамнотежа, што го прави управувањето извонредно, без оглед дали е преклопен или отворен.

Кога е отворен, дисплејот е еден од најголемите во индустријата, што нуди доследно корисничко искуство. Создаден со прецизност, Mate X2 рамномерно се свиткува и преклопува во рамен екран, а рамката од челик и јаглеродни влакн со голема цврстина го прави уредот лесен и робустен истовремено.

Опремен е со четирикратна камера Leica Ultra Vision, моќен стерео звучник и брз чипсет Kirin 9000 5G, што го прави една од најдобрите технологии што ги нуди глобалната индустрија.

„Имајќи некои од најдобрите софтверски и хардверски иновации, Mate X2 претставува огромен чекор напред и поставува нова граница за идните уреди на преклоп“, рече Ричард Ју, извршен директор и главен извршен директор на Huawei Consumer BG, додавајќи:

„Додека HUAWEI Mate Xs во голема мера се смета за најдобар уред на преклоп во својата класа, ние продолживме да инсистираме на нови начини за понатамошно унапредување на искуството. Mate X2 ја претставува иднината на технологијата за паметни телефони, со пионерски иновации и навистина фантастично корисничко искуство".

Со својот dual-screen дизајн, дијагоналата на внатрешниот дисплеј на Mate X2 е 8 инчи. Освен тоа, Huawei Mate X2 се одликува со магнетски контролиран нано-оптички слој за да се намали рефлексијата. Работи целосно непречено со надворешниот OLED екран од 6,45 инчи. И двата екрани имаат супервисока резолуција, голема брзина на реакција на допир и брзина на освежување од 90Hz, обезбедувајќи непрекинато искуство додека корисниците преминуваат од еден во друг режим.

Преклопениот Mate X2 има сооднос од 21:9 на надворешниот екран и е компатибилен со најпопуларните апликации. Кога е отворен се трансформира во експанзивен паметен уред со „златен“ сооднос ширина-висина од 8:7,1, што нуди поимпресивно визуелно искуство без разлика дали се држи вертикално или хоризонтално.

Под својот минималистички изглед, Mate X2 крие уште една иновација во индустријата, комплексна повеќедимензионална шарка што Huawei ја усовршуваше веќе пет години. Овозможува уредот да се преклопи совршено, со речиси незабележливо растојание и ги минимизира наборите на надворешниот екран кога уредот се отвора. Отворите по должината на страните исто така се скриени за да се спречи влегување прашина и нечистотија во системот и потенцијално оштетување на екранот.

Remote video URL

Континуираната соработка со Leica дава најдобри резултати

Како водечки паметен телефон дизајниран од Huawei, лидер во индустријата за технологија на мобилни камери, Mate X2 е опремен со четирикратна Ultra Vision Leica камера што им овозможува на корисниците да снимаат и споделуваат детали од нивниот живот, во кое било време од денот.

Камерата Super Sensing Wide од 50 мегапиксели се одликува со еден од првите сензори што вклучува RYYB низа филтри во боја (CFA), како и 4-во-1 пиксели и Full Pixel Octa PD можности за брз фокус и високо квалитетно фотографирање во услови на слаба осветленост.

Телефото-камерата се одликува со перископски дизајн на оптиката и поддржува 10x оптички зум, 20x хибриден зум и 100x дигитален зум. Ултрашироката камера 16MPx не само што нуди импресивно видно поле за пејзажни снимки, туку исто така поддржува макро режим за снимање на предмети на растојание од 2,5 см од објективот.

Уникатниот дизајн на Mate X2 им овозможува на корисниците да ја искористат моќната четирикратна камера Ultra Vision Leica за автопортрети.

Кога станува збор за звукот, Mate X2 е целосно опремен да биде лично џебно кино. Стерео звучниот систем со двоен звучник користи исклучително тенки драјвери со висока амплитуда, со исклучително лесни куполи од карбонски влакна и поддржува звучни ефекти на Huawei Histen, за да изразат дури и најделикатни детали од кој било извор.

Mate X2 работи со Kirin 9000, најинтегрираниот и разноврсен 5G чипсет (SoC) со најмногу транзистори досега и обезбедува одлични перформанси, ефикасност на напојувањето и голема брзина на поврзување.

Mate X2 има и сосема нов систем за паметни антени со кои динамички ја избира најдобрата антена во однос на промените во јачината на сигналот и режимот на работа на смартфонот. Без оглед дали е преклопен или отворен, држен вертикално или хоризонтално, овој систем обезбедува силен прием на сигнал за оптимално корисничко искуство.

Масивната батерија од 4500mAh поддржува и полнење од 55W супер-полнење.

Mate X2 пристигнува во светските продавници на 25 февруари по цена од 2.289 евра за верзијата од 256 GB и 2.416 евра за верзијата од 512 GB.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе