Конференција во Солун за перспективите на Западен Балкан во ЕУ

Во рамки на грчката иницијатива за заедничка иднина на балканските земји и Европа, денеска во Солун ќе се одржи Конференција на високо ниво за европските перспективи на Западниот Балкан насловена „Од Солун до Загреб“, на која ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Конференцијата ќе започне со сесија под назив „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“, по што учесниците на собирот ќе имаат работен ручек на тема „Западен Балкан во Европа: Патот напред“.

Освен Димитров и домаќинот на форумот, шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, на Конференцијата ќе учествуваат и министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, чија држава е актуелен претседавач со ЕУ, шефовите на дипломатиите на Бугарија, Екатерина Захариева, на Италија, Луиџи ди Мајо, на Косово, Глаук Коњуфца, на Словенија, Миро Церар, на Србија, Ивица Дачиќ и на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, вршителот на должноста министер за надворешни работи на Албанија, Еди Рама, заменик шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина, Јосип Бркиќ, државната секретарка за европски работи при Министерството за надворешни работи на Романија, Јулија Ралука Матеј, како и генералната секретарка на Европската служба за надворешна политика Хелга Шмид и заменикот генерален директор за проширувањето и соседската политика во Европската комисија.

Како што соопшти организаторот на собирот, грчкото Министерство за надворешни работи, оваа иницијатива претставува кулминација на големиот број иницијативи на Атина за промоција на европскиот пат на сите земји од Западен Балкан.

– Долгорочната позиција на Грција отсекогаш била апсолутно јасна. Цврсто ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од регионот, под јасен услов овие држави целосно да ги почитуваат европското законодавство и условите утврдени со пристапниот процес. Покрај тоа, Грција, а особено градот Солун, секогаш се поистоветуваа со европската иднина на балканските земји. Да не заборавиме дека Солунската агенда во 2003 година го отвори патот за новно пристапување кон европското семејство, се наведува во соопштението на грчкото МНР.

Властите во Атина нагласуваат дека конференцијата „Од Солун до Загреб“ претставува „динамично враќање на Грција на Балканот, со што таа ја покажува својата водечка улога во регионот и истовремено придонесува за напорите за ревитализација на процесот на проширување на Европската Унија“.

– Заедно со актуелното хрватско претседателство на Советот на Европската Унија и во тесна соработка со Европската комисија, оваа конференција се стреми да овозможи „да бидат слушнати“ земјите од Западен Балкан во пресрет на Самитот на Европскиот совет во Загреб во мај. Грчката дипломатија, исто така, се стреми да даде до знаење дека европската перспектива на балканските земји претставува приоритет не само за нив, туку и за другите балкански држави кои се веќе членки на ЕУ, се додава во соопштението.

Како што јави известувачот на МИА од Солун, преку оваа иницијатива Грција настојува да го промовира дополнителното значење на проширувањето на ЕУ, не само за обезбедување стабилност и просперитет на Балканот, туку и за навремено и непречено продолжување на реформските напори што ги прават земјите од регионот.

– Во светлина на неодамнешните предлози на Европската комисија за промени и дополнувања на методологијата за проширување на ЕУ, Конференцијата е одлична можност за сите балкански земји, без разлика дали се членки на ЕУ, да се здружат во реафирмација на нивната посветеност на европскиот интегративен проект. На неа, исто така, ќе се нагласи важноста на европската перспектива на Западен Балкан за поширокиот регион, односно не само за самите земји кандидати, туку и за членките на ЕУ од регионот, кои ја разбираат геостратешката, политичката и економската важност на интегрирањето на целиот Западен Балкан во ЕУ, истакнува грчкото Министерство за надворешни работи.

За значењето на денешната конференција во Солун и за тоа колку таа би можела да придонесе за забрзување на европската перспектива на Скопје и Тирана, дописничката на МИА од Атина побара одговор од портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на редовниот брифинг со новинарите одржан минатата среда.

– Мислам дека тоа е уште еден форум, уште една алатка за да можеме да ја развиеме нашата политика што секогаш ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан. Многу е позитивно тоа што (собирот) доаѓа во услови кога се чини дека француската страна, кој имаше важни противења на оваа тема, сега е поотворена за компромис. Секогаш сме со доза на резерва, но сме малку повеќе оптимисти, изјави Пецас.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе