Конкурс за краток хорор расказ по повод Halloween

Втора година по ред во пресрет на празникот Halloween, или Ноќ на вештерките, Новинската агенција Мета.мк во соработка со Издавачката куќа Култура објави Инста конкурс за краток хорор расказ.

Трудовите треба да бидат ваши и оригинални, односно не смеат да бидат преземени или копирани од веќе објавени приказни во домашни или странски медиуми. Во расказите треба да доминираат морничави и мистериозни случувања во кои се опишува натприродното, необјаснивото и непознатото знаење.

Расказите не треба да бидат подолги од 100 реда (три страници во Word документ, напишани со фонт Ariel и големина на фонт 14). Расказите треба да бидат напишани исклучиво на македонски литературен јазик.

Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 16 до 29 години.

Кратките раскази треба да се испратат на електронската адреса info@meta.mk со назнака „Конкурс за краток хорор расказ“ најдоцна до петок, 29 октомври, до 12:00 часот напладне. Во пораката наведете ваши податоци – име, презиме, возраст, контакт телефон, како и псевдоним под кој би сакале да биде објавен расказот.

Нема ограничување во однос на бројот на раскази што еден учесник може да ги испрати.

Кратките раскази ќе бидат оценети од комисија составена од новинари и уредници во Мета.мк и Издавачката куќа Култура. Наградените раскази ќе бидат одбрани според морничавоста на темата, но и оригиналноста, како и правилното користење на македонскиот литературен јазик.

Авторите на трите најдобри и најстрашни раскази ќе добијат ваучери од страна на Култура и тоа: прва награда – ваучер во вредност од 1.000 денари, втора награда – ваучер во износ од 500 денари и трета награда – ваучер во износ од 300 денари.

Резултатите и трите победнички раскази ќе бидат објавени во сабота (30 октомври) на веб-страницата и на каналите на Мета.мк на социјалните мрежи.

Организаторите на конкурсот го задржуваат правото да ги објават и останатите раскази во договор со авторите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе