Навивачите на Селтик, иако се работи за шкотски клуб, традиционално ги поддржуваат Ирците и носат нивни знамиња на натпревари.
На вчерашната средба Селтик-Астана тие изразија поддршка за ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор кој на 26 август ќе се соочи со Флојд Мејведер во историска борба во Лас Вегас.
Фановите на Селтик раширија банер на кој пишуваше: „Не дојдовме да учествуваме, дојдовме да завладееме“, славната изрека на Ирецот.
Мекгрегор од срце им се заблагодари во објава на Twitter со зборовите: „Фанови на Селтик, станете!!! Вака изгледа непоколеблива поддршка од вистински фанови! Каква глетка! Каков тим! Ви благодарам на сите!“