Останати спортови

Конор Мекгрегор плаќа скапа казна за инцидентот кој го предизвика

14. ноември 2017 - 15:13 | К.З.

Ирецот Конор Мекгрегор нема да стапне во UFC рингот пред 2018 година, како резултат на инцидентот кој го предизвика минатиот петок.

Шампионот во лесна категорија од UFC натпреварувањето, Конор Мекгрегор, направи инцидент минатата недела, кога го бутна судијата додека овој пробуваше да прогласи крај на дуелот, и потоа Мекгрегор со обезбедување беше придружен надвор од теренот.

Тој требаше да настапи на UFC 219 настанот, кој требаше да се одржи на 30 декември во Лас Вегас, но тој сега ќе го пропушти овој настан поради тоа што организаторите на UFC го информирале претседателот на Асоцијацијата за бокс и боречки спортови, Мајк Мацули, дека однесувањето на шампионот е неприфатливо.

„Ми рекоа дека неговото однесување е неприфатливо и дека ќе преземат и поголеми мерки во врска со тоа. Ѝ честитам на организацијата што си стои на зборот, но ќе пробам да направам нешто околу неговиот понатамошен настап во UFC“, рече Мацули.

Коментирај