Конор Мекгрегор: Присилувањето на вакцинација е воено злосторство

Конор Мекгрегор уште еднаш направи хаос на социјалните мрежи. Ирскиот УФЦ борач го искажа личното мислење за вакцините и коронавирусот во контроверзна порака, којашто потоа ја избриша.

Ирецот остро ја обвини Европската Унија за воведување мерки и санкции на присилување луѓето да се вакцинираат.

„Принудувањето на вакцинирање е воено злосторство“, напиша Конор кој дури повика Ирска да ја напушти Европската Унија.

„Мислите дека присилувањето луѓето да стават нешто во своето тело не е злосторство? Луѓето треба да имаат право на избор. Обидот да бидат принудени да се вакцинираат од страна на ЕУ, не можам да се сложам со тоа, но знам дека нашите на власт ќе го прават тоа што ќе им се каже. Време е Ирска да ја напушти ЕУ, принудувањето на вакцинација е воено злосторство“, повтори тој.

Соочен со хаосот што го предизвика, Мекгрегор ги избриша постовите и напиша нов во кој се обиде да го објасни ставот за вакцините:

„Принудувањето некој да вбризга нешто што не сака во своето тело е целосно погрешно. Не сум против вакцините, јас сум против тоа да се нема право на избор. Нека Бог ги благослови оние кои мислат поинаку“.

Не е првпат Мекгрегор да избрише ваква порака. Пред две недели тоа го направи откако напиша дека вакцините не успеаја да го запрат коронавирусот. Истакна дека степенот на вакцинација е висок, но и дека има и многу повеќе случаи на заразени од претходно.

Ова се дел од реакциите на неговите постови:

URL
URL
URL
URL
URL
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе