Конте: Челси не знае како да го користи Лукаку

Италијанскиот стратег го водеше Челси, а го тренираше и Лукаку во Интер. Смета дека Белгиецот допрва треба да се покаже во уште подобро светло во синиот дрес, но проблемот е кај тактиката на Тухел.

Ромелу Лукаку одлично ја почна сезоната во Челси откако се пресели од редовите на Интер за 115 милиони евра, постигна голови против Зенит, Арсенал и Астон Вила, но сега веќе 4 натпревари по ред е влезен во пост.

Антонио Конте, кој со Лукаку во нападот го освои Скудетото минатата сезона со Интер, смета дека Томас Тухел сѐ уште не нашол начин како најдобро да го искористи белгискиот голгетер. Синоќа Лукаку исто така не го најде патот до мрежата во дуелот со Јуве кој неговиот тим го загуби со 1:0.

„Тој може уште подобро, поради неговата техника. Веќе игра на многу високо ниво, но секој играч мора да продолжи да се подобрува сѐ до денот кога ќе се пензионира“, вели Конте во изјава за Sky Sport Italia.

„За време на еден натпревар има моменти Лукаку треба едноставно да се вклучи, но без оглед на тоа што е еден од физички најсилните напаѓачи за играње против, тој може да направи штета на било кој дел од теренот. Кога имаш таков центарфор треба да го искористиш, а јас мислам дека Челси сѐ уште не сфатија како најдобро да го искористат“, додава.

„Минатата сезона немаа вистински центарфор, па ротираа позиции, додека Ромелу е вистинска референтна точка во нападот. Доколку успеат да сфатат како да го искористат Лукаку, тогаш Челси може да стане претендент за Лигата на шампионите сезонава“.

Италијанецот беше на клупата на Челси две сезони, а во 2016/17 ја освои Премиер лигата, додека наредната беше победник во ФА купот. Со Интер лани го освои Скудетото, а двете сезони колку што беше во Интер ги мина заедно со Лукаку, кој токму на негово барање и дојде во Милано. На крајот индиректно се пофали и сам себе.

„Добар тренер е оној кој успева да ги подобри своите играчи. Мислам дека со Ромелу завршивме одлична работа за тие две години“, заврши Конте.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе