СЕРИЈА А 2019/20

Конте: Дали би променил нешто од првиот дел? Па не, супер излезе

Предводникот на Интрер има многу причини да биде задоволен од синоќешната дерби победа особено што по првите 45 минути неговиот тим губеше со 0:2.

Црно му се пишуваше на Интер на полувремнето од миланското дерби. Милан замина на поауза со убаво водство од 2:0, а Антонио Конте имаше 15 минути да ги поправи грешките од слабото полувреме.

„Да ме прашавте на полувреме, веројатно ќе речев дека би променил многу работи. Сега кога натпреварот е завршен, мислам дека беше супер. Беше прекрасно да се победи на начинот на кој што тоа го направивме против силен тим како Милан. Дефинитивно тие се друга екипа од онаа со која игравме во есенскиот дел. Посилни се и имаат поголема самодоверба. Знаевме дека ќе ни направат проблеми. Од првото полувреме мора да научиме дека во секој натпревар треба да ги користиме и главите. Мораме да ги почитуваме силните страни на противниците, а да ги истакнеме слабостите. Во првиот дел ние само ги истакнавме нивните предности, едноставно воопшто не направивме да си ги покажат слабостите и тоа беше моја вина, јас сум тој што го подготвува тимот за натпреварите. Нормално, зборувам со играчите и се обидуваме да направиме дискусија, но на крајот од денот одговорноста е секогаш моја“, вели Конте.

На крајот Интер победи со 4:2, со неверојатен пресврт во вториот дел. Тоа е тимк создаден токму од Антонио Конте кој со неколкумина нови играчи го поднови тимот и сега, но и на лето.

„Тоа е мој тим без оглед на резултатот. И да загубевме, тоа ќе беше мојот тим. Ќе се соочев со реалноста бидејќи тоа е мојот Интер. Се обидуваме да работиме со играчите, да се фокусираме на вредностите, менталитетот, напорната работа, пожртвуваноста, потта. Не би рекол дека во првиот дел го допревме дното, но бевме во некој вид на неволја. Не може секој да се поврати по такво нешто. Големи играчи се оние кои примаат удари, но не паѓаат, остануваат на нозе, се спротивставуваат и потоа стануваат посилни. Мислам дека токму тоа го направивме и тоа е од огромно значење за нас“.

Интењр нов предизвик има веќе в среда кога исто на „Меаца“ го пречекува Наполи во првиот натпревар од полуфиналето во Копа Италија.

„Како техничкиот, тактичкиот и менталниот дел, ние се посветуваме и на физичката спремност. Во модерниот фудбал, доколку играш со интензитет, а не си силен, брз и цврст, нема да можеш да се натпреваруваш на високо ниво. Јас сум среќен што имам група на играчи кои прават сѐ што се бара од нив и никогаш не се жалат. Добиваме резултати од тоа, што е огромен поттик за сите нас, за мене и за мојот стручен штаб. Мораме да продолжиме вака, главите доле и напорна работа. Веќе им го реков истово на играчите бидејќи во среда имаме важен натпревар, полуфиналето од Копа Италија. Не смееме да си дозволиме да потцениме никого во овој момент. Кога си гладен, сакаш да седнеш и да почнеш да јадеш, тоа е она што ние сакаме да го направиме. Се надевам дека навивачите ќе се појават и во среда и ќе нѐ поддржат како и со Милан. Беа неверојатни, среќен сум за нив, оваа победа е нивна“, заврши тренерот на „Нераѕурите“.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе