СЕРИЈА А 2019/20

Конте: Двапати загубивме од Јуве, тоа кажува нешто

Интер на Антонио Конте по вторпат сезонава остана со празни раце во пресметка со Јувентус и се чини се збогува од шансите за Скудетото.

Стратегот на Интер ги воочува разликите помеѓу неговиот и тимот на Јувентус кој со години доминира во Калчото.

„Мислам дека до првиот гол натпреварот беше рамноправен. Почнавме подобро во вториот дел и имавме контрола на натпреварот. Тогаш Ремси даде гол и тоа за нас беше психолошка пресвртница. Тие се подобруваа, а не се мачевме и неуспевавме да се опоравиме. Тоа е мојата анализа“, вели Конте.

Немаше голови на дербито во Торино с до 55. минута кога Велшанецот Арон Ремзи постигна гол за водство на Јувентус. Потоа Пауло Дибала го дуплираше водството за победа на Јуве и тоа втора сезонава на Интер откако со 2:1 славеше и на „Меаца“.

„Освен бодовната разлика на табелата, во однос на Јуве имаме и 6 бода разлика во меѓусебните дуели поради двата пораза против нив. Такви се фактите. Бевме добри во обидот да останеме во трка со нив, но неизбежно е да се направи споредба. Мора да се биде позитивен и да се донесат правилни одлуки. Дури и во поразите може да се прават споредби кои ќе ни помогнат да се подобриме во секој аспект, во искуството, карактерот и квалитетот“, смета црно-синиот стратег.

Неизбежен беше и коментар во однос на епидемијата на корона вирусот кој во Италија и натаму не е под контрола, а како последица на тоа натпреварите се играат пред празни стадиони. Дури има и најави за целосен прекин на првенството.

„Сите ние сме човечки суштества, имаме фамилии и грижи. Не е лесно да се преправаме дека ништо не се случува. Ни станува тешко да се справуваме со одредени ситуации бидејќи за да останеме сконцентрирани понекогаш треба и да се повиши гласот, но ситуацијата е деликатна. Се надевам дека која и да биде одлуката, ќе биде за да се заштитат сите“, заврши Конте.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе