СЕРИЈА А 2020/21

Конте: Мора да победиме затоа што е дерби и заради табелата

Денеска се игра дербито на Милано кое всушност е и битка за титулата бидејќи Интер и Милан се бркаат за првото место.

Од 15 часот на „Џузепе Меаца“ стадионот Милан условно како домаќин ќе го пречека лутиот градски ривал Интер во популарното Дерби дела Мадонина. Одамна како ова дерби немало огромно значење како сега бидејќи на табелата во Серија А води Интер со 50 бодови пред Милан кој има бод помалку, односно 49.

„Ова ќе биде поинакво дерби од оние кои ги игравме изминативе години затоа што двата тима се борат за врвот на табелата. Убаво е за градот Милано да има вакви натпревари во кои облогот е голем. Мораме да победиме затоа што е дерби и заради моменталната ситуација на во лигата“, вели стратегот на „Нераѕурите“, Антонио Конте.

Интер минатото коло го презема врвот токму од Милан и како лидер влегува до миланското дерби.

„Тоа ни даде чувство на смиреност. Секогаш мора да работиме со вистинскиот ентузијазам, сила и одлучност. Кога табелата изгледа вака, мора да се биде уште по возбуден и да се има поголем ентузијазам и желба за подобрување“, додава тој.

За Конте голем предизвик ќе биде како неговите избраници да го запрат Златан Ибрахимовиќ на кој Интер му е омилена мета за постигнување голови.

„Ќе се справиме со него со тоа што ќе делуваме како тим и ќе се обидеме да ги сведеме грешките на минимум. Тој е играч кому му оди одлично во Милан. Постигнуваше голови на претходните дербија, но тоа не значи дека ќе постигне и сега. Најважното за нас е да дадеме сѐ од себе и да победиме“.

Натпреварот ќе го суди Даниеле Довери.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе