Фудбал

Конте најави враќање во Италија по истекот на договорот со Челзи

25. септември 2017 - 15:51 | Макфакс

Антонио Конте во својата прва сезона успеа да ја врати шампионската титула на „Стамфорд бриџ“, со својот темперамент ги освои срцата на армијата навивачи на Челзи, но и покрај тоа беше блиску до заминување од клубот.

Конте има несогласувања со челниците на Челси и сопственикот Роман Абрамовиќ околу трансфер-политиката. Италијанецот во Челси го нема она што го имаат Венгер во Арсенал, Мурињо во Јунајтед, Гвардиола во Сити, Клоп во Ливерпул, да одлучува околу клупските трансфери.

Поради тоа тој беше блиску до заминување, но подоцна, сепак, го продолжи договорот до 2019 година.

Како што сега стојат работите, не планира по истекот на договорот да остане во Челси.

„Кина?  Нема шанси. Бундеслига?  Тешко е да се зборува на оваа тема. Многу ми недостига Италија и тоа не го кријам.  Убаво е да се стекне поинакво искуство (друга земја, поинакво првенство), но јас сакам повторно да работам во Италија“, изјави Конте, кој ова лето беше цел на Интер.

„Никогаш немав намера предолго да останам во странство. Како тренер никогаш не можеш да знаеш каде ќе завршиш, но јас знам. На крајот на краиштата сакам во Италија да работам и како спортски директор“, дополнил Конте.

Коментирај