Конте: Невил и Реднап зборуваат глупости

Тренерот на Челзи, Антонио Конте, по поразот од Манчестер Сити им се обрати на критичарите без влакна на јазикот. Тој ги нападна Гери Невил и Џејми Реднап, кои ја критикуваа играта на Челзи во последниот натпревар.

Реднап рече дека Челзи играат „анти-фудбал“ и дека тоа е „криминал против фудбалот“, додека Гери Невил рече дека играчите на Конте биле „очајни и катастрофални на теренот“.

Антонио Конте е познат по отворениот пристап со медиумите и скоро никогаш нема влакна на јазикот кога се работи за обраќање на оние кои го критикуваат, без разлика на тоа која е личноста која го критикува. Овојпат се работеше за ТВ аналитичарите, поранешните фудбалери Гери Невил и Џејми Реднап, кои рекоа дека играта на Челзи против Манчестер Сити била срамна и очајна, а Гери Невил изјави дека Челзи играле „како кукли, само го гледаат противникот додека си ја подава топката“.

„Во овој момент морам да ги прифатам критиките, но не сум толку глупав да играм отворено против (Манчестер) Сити и да изгубам 3:0 или 4:0. Мислам дека аналитичарите треба да почнат да размислуваат со главата и сметам дека треба да имаш тактичко знаење пред да отвориш уста да зборуваш било што. Тие само зборуваат глупости“, рече Конте по натпреварот.

Овој пораз беше четврти во петте последни лигашки натпревари за Челзи, а играчите изгледаат како незаинтересирани за лигата. Актуелните шампиони победија само двапати во втората половина од сезоната и сега заостануваат 25 бода зад Манчестер Сити и се во опасност да не обезбедат пласман во ЛШ наредната сезона.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе