ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Конте: Од Разград почнуваме нов почеток

Интер денеска гостува кај бугарскиот шампион почнувајќи нова авантура откако испадна од Лигата на шампионите.

„Ќе се соочиме со екипа која е навикната да игра во европските натпреварувања и која е лидер во своето првенство со добра разлика пред останатите. Лудогорец е добар тим, со неколку квалитети. Одлични се во офанзивата. Ние мора да бидеме упорни, смирени и желни: ќе ни треба најдоброто од нас бидејќи играме против тим кој е во форма, мора да бидеме внимателни и во натпреварот да влеземе со почит“, вели тренерот Антонио Конте.

Натпреварот од Лига Европа за Интер доаѓа по поразот од Лацио во Серија А со кој „Нераѕурите“ паднаа на третото место.

„Натпревар кој ни тежи поради резултатот. Нашата игра беше одлична. Но, тргнуваме од почеток, со желба да се подобриме и да одиме понатаму. Токму поради тоа Лига Европа ни доаѓа во прав момент“, оптимист е Конте.

Во Разград вечерва нема да играат Марцело Брозовиќ и Милан Шкринијар. Затоа пак најверојатно шанса ќе добие поранешниот капитен Андреа Ранокија кој заедно со Конте беше на официјалниот прес. За очекување е Интер да настапи со комбиниран тим, односно шанса да добијат оние со помала минутажа.

„Марцело остана во Милано бидејќи има проблеми со глуждот и следи посебна програма за да се опорави сто посто. Шкринијар нема да игра бидејќи одлучив да остане дома. Што се однесува за Алексис Санчес, се опорави од лоша повреда и допрва треба да се врати во добра физичка форма. Подготвен е да игра, ќе ни помогне да ги оствариме нашите цели“

На голот и вечерва ќе биде Даниеле Падели бидејќи Самир Хандановиќ и натаму не е целосно оправен.

„Секој играч мора да мисли како самиот да се подобри, а не да мисли на тоа кој игра до него. Индивидуалниот напредок потоа самиот се префрла на оној на колективот“, вели Конте.

Натпреварот почнува во 18.55 часот на „Лудогорец Арена“ во Разград, а ќе го суди шпанскиот арбитар Карлос дел Серо Гранде.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе