СЕРИЈА А 2024/2025

Конте по кошмарното деби: Треба да се срамиме

Макфакс/Кајгана
/ 19.08.2024 / 11:17

Антонио Конте имаше кошмарно деби на клупата на Наполи во Серија А. На „Маркантонио Бентегоди“ во Верона, домаќинот го декласира тимот на Конте со 3:0 во првото коло. Лут и разочаран, тренерот ја презеде вината за поразот, а на играчите им порача дека „треба да се срамат“.

„Оние што ме познаваат, знаат дека срцето ми крвари денеска, а се надевам дека и на одредени играчи исто така, бидејќи тоа барем би значело дека сме на вистинскиот пат“, изјави Конте пред новинарите.

Како што рече, неговиот тим се „стопи како снег на сонце“ по првиот примен гол.

„Треба да им се извиниме на луѓето во Неапол, кои страстно нѐ следат. Јас сум тренер и правилно е што во целост ја преземам одговорноста. Нашиот настап во второто полувреме беше неприфатлив“, изјави Конте.

Конте го презеде Наполи во јуни, и е четврти тренер за само една година од заминувањето на Лучано Спалети, кој на клубот му го донесе Скудетото во 2023 година по 33 години. Интересно, пред две години, во првото коло од шампионската сезона, Наполи победи со 5:2 во Верона.

Конте ја освои Серија А како играч, пет пати со Јувентус, но и како тренер, три пати исто така со тимот од Торино и еднаш со Интер.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Фудбал

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Read more

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more
 

Спорт

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе
  • play_arrow

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Читај повеќе

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе