СЕРИЈА А 2020/21

Конте: Примивме многу голови? Па Сити прими 5

Тренерот на Интер има оправдување за лошата одбрана на дуелот со Фиорентина. Настрана офанзивната тактика, ако можат Манчестер Сити и Баерн да примат по 5 односно 4 голови, зошто да не може Интер 3.

Антонио Конте денеска одржа прес-конференција по повод утрешниот натпревар против Беневенто на која главна теме беше килавата одбрана која неговиот тим ја демонстрираше во саботата.

„Јас не знам колку други екипи играат како нас, со двајца напаѓачи, треквартиста и две крила. Ние одиме напред, без одлед на сѐ. Сакаме да играме офанзивен фудбал. Но, јасно е дека кога ќе се загуби топката мора веднаш да се покријат правите зони на теренот“, почнува да објаснува Конте како дошло до три гола во мрежата на Хандановиќ.

Конте доби критики затоа што Интер прими дури 3 голови дома од Фиорентина и тоа барем два од нив беа по грешки и конфузии во одбраната.

„Англичаните велат 'enjoy'... епа, јас се забавував, ми се допадна натпреварот и тоа им го кажав и на момците. Нѐ изненадија, нѐ фатија неподготвени при некои од головите, но тоа не зависи само од едно нешто, туку најмногу од бројот на играчи со кои одиме во напад“.

„Еве дури и Баерн прими 4 во неделата, а пак Сити 5... сакаме да играме напред, но и да најдеме баланс со одбраната“.

Навистина, Манчестер Сити во неделата загуби со 2:5 дома од Лестер, додека Баерн со 4:1 падна на гостувањето кај Хофенхајм.

„Ќе менуваме тактика од низок пресинг до висок. Тактиката од крајот со Фиорентина, со Санчес треквартиста и тројца во средината зад него, исто така останува опција, но само за во тек на натпревар бидејќи од почеток би значело многу играчи да останат отсечени“, рече Конте.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Read more

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе