Конте: Против Барселона ни треба совршена партија

Тренерот на Челзи, Антонио Конте, во пресрет на вечерашниот натпревар против Барселона во нокаут фазата од Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим ќе се обиде да ги искористи слабите страни на Каталонците.

Челзи вечерва на својот „Стемфорд Бриџ“ со почеток од 20:45 часот ќе ја пречека екипата на Барселона, за која Антонио Конте вели дека е „можеби и фаворит за титула“, како и еден од најдобрите тимови на светот.

Станува збор за првиот натпревар од осминафиналето во најелитното европско клупско натпреварување.

„Имаме одлична прилика, да одиграме важен натпревар против врвен ривал и да покажеме на кое ниво всушност се наоѓаме. Мораме да тежнееме кон совршена партија против специфичен тим, кој игра фантастично со топка во свој посед, но тим кој исто така има и слаби страни во игра без топка. Ние ќе пробаме тоа да го искористиме“, изјави Конте.

Тој не зборуваше на опасноста која се заканува од Лионел Меси, петкратниот освојувач на Златна топка, кој, интересно, на осум натпревари против Челзи нема постигнато ниту еден погодок, иако поминал на теренот 655 минути и упатил 29 удари кон голот.

„Се надевам дека традицијата ќе продолжи. Зборуваме за неверојатен фудбалер, кој мораме да го почитуваме. Ќе се обидеме да го спречиме со тимска работа, бидејќи би било опасно да одредиме само еден играч и да му дадеме задолжение да го маркира само него“, истакнува Конте.

Челзи после кризен период успеа до некаде да ја подигне својата форма, со победите против ВБА од 3:0 во Премиер лигата и над Хал со 4:0 во ФА купот.

Преостанатите три претставници на Англија во Лигата на шампионите своите натпревари ги одиграа минатата недела, а останува уште Манчестер Јунајтед кој својот натпревар против Севиља на гости го игра утре.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе