КОПА ИТАЛИЈА 2020/21

Конте: За да го победиме Јуве ќе треба да одиграме на граница на перфекција

Интер вечер има тешка задача, брка негатива против Јувентус во Копа Италија, но на гостински терен.

Реванш натпреварот од борбата за место во финалето од овогодинешното издание на Копа Италија се игра вечерва во Торино каде на „Алианц“ стадионот од 20:45 се среќаваат Јувентус и Интер, а „Старата дама“ има предност од 2:1 од првиот натпревар во Милано одигран пред точно една недела.

Антонио Конте е свесен дека Интер вечерва ќе биде на танталови маки, но за разлика од Тантал, маките на Интер е возможно да завршат со позитива.

„Независно од победа, кој и да го носи овој дрес има обврска да ги направи навивачите горди, тоа секогаш мора да биде наша мисија. Најдобриот начин да се убедат играчите да победат и да минат во наредната фаза е низ напорна работа и подготовка за натпреварот на вистинскиот начин, како што направивме и ние“, вели Конте.

„Мора да излеземе на терен и да одиграме со желба и одлучност, како што покажавме во претходните два натпревара. Треба да бидеме похрабри, да го надоградиме она што се случи на последните натпревари и да се обидеме да бидеме перфектни бидејќи за да се победи Јувентус мора да одиграте партија која ќе се граничи со перфекција“.

Натпреварот се игра без публика, а ќе го суди Маурицио Мариани. Победникот ќе игра во финале против подобриот од второто полуфинале во кое утре ќе се сретнат Аталанта - Наполи.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе