Контроверзен експеримент на британските научници за побрз развој на COVID-19 вакцина

Британските истражувачи се подготвуваат да почнат контроверзен експеримент во кој ќе инфицираат здрави доброволци со новиот коронавирус со цел подобро да ја проучат болеста и да го забрзаат развојот на вакцина.

Пристапот наречен студија на предизвик, е ризичен, но според научниците може побрзо да доведе до резултати во однос на стандардното истражување.

Владата на Обединетото Кралство најави дека ќе вложи 33,6 милиони фунти.

Кралскиот колеџ Лондон денеска соопшти дека во истражувањето ќе бидат вклучени доброволци од 18 до 30 години.

– Никогаш не е лесно намерното заразување на доброволци со познат човечки патоген, изјави професор Питер Опеншоу, додавајќи оти таквите студии овозможуваат исклучително важни информации за болеста.

Во првата фаза од студијата, истражувачите ќе се обидат да го утврдат најмалото ниво на изложеност потребно за предизвикување на болеста, а потоа ќе го користат истиот метод на предизвик за да проучат како потенцијалните вакцини дејствуваат во телото, имунолошкиот одговор на телото и потенцијалните третмани.

Претседавачката со Работната група за вакцини, Кејт Бингам, изјави дека истражувањето ќе доведе до сознанија за имунитетот и колку долго вакцината може да штити од повторна инфекција.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Наука

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Read more

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе