Контроверзен нов закон би можело да ги политизира училиштата во Полска

Долниот дом на Полска вчера усвои закон на предлог на владејачката националистичка партија Право и правда (PiS), со кој се зголемува владината контрола врз училиштата, а критичарите велат дека може да го ограничи пристапот до учење за ЛГБТ заедницата и репродуктивните права.

Предлог-законот беше усвоен со 227 гласа „за“ и 214 гласа „против“, а сега се чека одлуката на Сенатот. Партијата PiS верува дека треба да се воведат промени за заштита на децата, но опозицијата вели дека законот е дел од поголем план за отстранување на либералните вредности од јавниот живот.

Тие предупредуваат дека законот може да ги ограничи правата на родителите да одлучуваат за образованието на нивните деца, а училишната управа нема да може да преземе ништо за тоа. Доколку законот стапи на сила, воннаставните активности што ги одржуваат невладините организации во училиштата ќе бидат можни само доколку бидат одобрени од владин инспектор. Со овој закон ќе се олесни и разрешувањето на директорите на училиштата.

Министерот за образование Пжемисуав Чарнек рече дека инспекторите треба да имаат право да ги прекинат програмите што можат да го „загрозат моралот на децата“, особено кога станува збор за сексуално образование.

„Министерот работи на политизација на училиштата во Полска“

Левичарската пратеничка Агњешка Џемјанович-Бонк на Twitter напиша дека министерот Чарнек работи на „политизирање на училиштата во Полска“ наместо да се занимава со проблемот со депресијата и екстремната сиромаштија кај полските деца.

Откако дојде на власт во 2015 година, националистичката влада воведе серија образовни реформи насочени кон одбрана на традиционалните христијански вредности и да ги научи децата на националната гордост и историјата на Полска.

Законот се соочува со отфрлање во Сенатот во кој доминира опозицијата и во тој случај тој ќе се врати во Долниот дом на парламентот, каде што ќе се одржи уште едно гласање. Доколку повторно биде избран, за законот директно ќе одлучува претседателот Анджеј Дуда, партнер на PiS. Советникот на Дуда во четвртокот рече дека претседателот наскоро ќе се состане со министерот Чарнек за да разговара за ова прашање.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе