Контроверзен пенал на Роналдо: Топката скокна пред тој да ја шутне

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо уште еднаш на најдобар начин им одговори на критичарите со два гола кои му донесеа победа на Реал Мадрид против ПСЖ, но многу внимание привлече неговиот контроверзно изведен пенал.

Роналдо со пеналот во последните моменти од првиот дел го израмни резултатот на 1:1.

Имено, Кристијано Роналдо се залета за да го изведе пеналот, а топката сама потскокна во моментот пред тој да ја шутне, по што таа се заби во долниот десен агол на голманот Ареола.

Веднаш по изведувањето на пеналот некои од луѓето кои внимателно го следеа натпреварот искажаа мислење дека Роналдо двапати ја допрел топката, поради што судијата требало да поништи голот и пеналот повторно да биде изведен.

Сепак, на забавената снимка јасно се гледа дека Роналдо не ја допира топката двапати, туку таа самата се подига кога Роналдо ја поставува левата нога покрај неа.

„Неверојатно! Кога првпат го видов пеналот, мислев дека тој треба да се шутира одново бидејќи Роналдо ја допре топката двапати. Но, сега кога ја видов снимката повторно се уверив дека топката сама потскокна. Неверојатно е колку е прецизен Роналдо, дури и кога топката ќе се помрдне“, рече прославениот англиски поранешен фудбалер, Мајкл Овен.

Кристијано Роналдо постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите и покажа дека ова е негово натпреварување. Тој стана првиот и единствен играч во историјата на натпреварувањето кој постигнал 100 голови во дресот на еден клуб. Двата гола во вчерашниот натпревар го донесоа Роналдо до бројката од 101 погодок во елитното натпреварување.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе