Заедничката кампања предизвика контроверзии.
Поранешната манекенка Хајди Клум ги исклучи коментарите на нејзината последна објава на Instagram во која се појавува со ќерка ѝ Лени во долна облека.
Хајди Клум и ќерка ѝ Лени Клум неодамна позираа за познатиот италијански бренд Intimissimi и повторно станаа тема на коментари од јавноста.
На снимките Хајди (51) позира во црвени свилени пижами, додека нејзината 20-годишна ќерка Лени носи топ и шорцеви. Најавата доаѓа откако Хајди и Лени претходно снимија кампања за долна облека, во која заедно позираа во чипкана долна облека.
Хајди потоа ги сподели среќните моменти со своите фанови, посочувајќи како и двете се забавувале на снимањето и ја пофалиле кампањата. Сепак, реакциите на оваа објава не беа позитивни. Многу обожаватели ја изразија својата непријатност поради фактот што мајка и ќерка заедно позираат во долна облека.
„Прилично е чудно што го правиш ова со мајка ти“, „Чудно е што мајка ти ги допира гаќите“, „Изгледа несоодветно“, се само дел од коментарите под објавата на Лени. Со оглед на овие реакции, Хајди реши да ги исклучи коментарите под нејзината објава.
Да потсетиме, ова не е прв пат Хајди и Лени да снимаат заедничка кампања. Лени ја започна својата манекенска кариера на 16 години, кога сними едиторијал за германското издание на магазинот Vogue, а покрај неа во знак на поддршка беше мајка ѝ.